АИКИКАИ

Аикикаи фондацијата (財団法人合気会) е првата организација за јапонската Будо вештина - аикидо, која е и официјално признаена од јапонската влада во 1940 година (на почетокот под името Кобукаи) . Се опишува себе си како „матична организација за развој и популаризација на аикидото низ целиот свет“, иако постојат и неколку нови ограноци чија вештина е исто така наречена аикидо. Аикикаи често се нарекува и покров - организација за разни национални и други аикидо организации. Штабот, Аикикаи Хомбу Доџо, се наоѓа во Токио.

Ueshiba - iemoto

По смртта на Морихеи Уешиба, неговиот син Кисшомару Уешиба го превзема водството на организацијата. Сегашен водач (дошу) на Аикикаи е внукот на Морихеи Уешиба, Моритеру Уешиба. Овој систем во кој водачот на школата или системот на боречката вештина треба да биде син, или биолошки или посвоен заради наследувањето, бил својствен во корју Будото (старите школи или стилови) и се нарекува иемото.

Под Аикикаи често се подразбира „аикидо стил“, иако аикидото во рамките на Аикикаи, технички, може да биде многу разновидно.  Секој од учениците на Морихеи Уешиба имале своја интерпретација на оваа вештина, а во многу случаи и други влијанија. Ова се отсликува во техничката разновидност во организацијата.