ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ

• Салата за вежбање е место на концентрација, дисциплина и мир. Ваквата атмосфера мора секогаш да се одржува.
• Зборот на учителот е важечки и обврзувачки за сите. Тој има право да го санкционира секого што не се однесува во склад со овие правила на однесување или не ги почитува неговите упатства.

• Забрането е да се јаде, пие и џвака мастика во просторијата за вежбање.
• Во просторијата за вежбање не смее да се пуши.
• Не се влегува обуен на душекот за вежбање.
• За патот од соблекувалната до душекот задолжително е да се користат влечки.
• Хигиената треба да биде на високо ниво. Бидејќи се вежба со боси нозе, мора да бидат чисти.
• Поради избегнување на повреди треба да се симне секаков накит или украс (прстења, ланчиња, рачни часовници, обетки и сл.). Исто така, ноктите на нозете и рацете мораат да бидат скратени за да се избегнат повреди.
• Опремата за тренинг е бело кимоно со бел појас. На почетокот може да се вежба и во тренерки. Кратки пантолони не се дозволени. Опремата мора секогаш да биде чиста.
• Хакама (црни широки пантолони) подразбирливо носат оние со достигнат мајсторски појас во рамките на Аикикаи федерацијата и членовите на клубот со достигнат 1-ви кју степен. Останатите мора да побараат посебна дозвола од учителот во клубот.

• Часот започнува и завршува со формално отпоздравување, според јапонската традиција.
• Од големо значење е да не се доцни на тренингот. Ако е веќе започнат, веројатно нема да биде можно приклучување, но ако доцнењето е од оправдани причини треба се почека на работ од душекот за вежбање и од учителот да се добие дозвола за влез.
• По стапнувањето на душекот за вежбање се поздравува во сеиза со наклон во правец на камиза-та.
• За време на тренингот, душекот се напушта само со дозвола од учителот. Учениците кои мораат да го напуштат часот пред крајот, мора да го известат учителот, да го поздрават и дискретно да се повлечат.
• Додека се вежба се зборува само во исклучителни ситуации и тоа само за нешта кои се однесуваат на тренингот. Секоја друга прилика подразбира барање дозвола од учителот.
• При секоја промена на партнерот (на почетокот и на крајот од секоја вежба) поздравете се со наклон.
• Ако некој поради нешто за кратко време не вежба, треба да седне на работ од душекот во сеиза или анза, несвртувајќи го грбот кон камиза-та.
• При секое објаснување на вежба, техника и сл. сите треба да седат во сеиза или анза и да чекаат да добијат дозвола да вежбаат. Кога учителот ќе заврши со објаснувањето сите се поклонуваат за покажаното и стануваат да вежбаат. Ова треба да се одвива задоволително брзо, за да не се губи време од тренингот.
• Доколку одредена вежба не ви е јасна, најпрво обидете се со набљудување на другите да ја разберете. Ако и понатаму е нејасна, повикајте го инструкторот за објаснување. Повикувањето се прави тивко и со наклон.
• Не создавајте врева. Во тишина, неопходната концентрација е посилна.
• Општи прашања се поставуваат на крајот од тренингот.

• При вежбањето не смее да нé надвладеат личните пријателства или антипатии. Почитта кон партнерот мора да се задржи на задоволувачко ниво.
• Предност секогаш имаат постарите членови, т.е. оние со повисок степен.
• Секогаш трудете се да помогнете некому ако за тоа има потреба, но воздржете се од советување во присуство на учителот или друг постар член.

• Посетители можат да присуствуваат како гледачи, но не смеат да го попречуваат тренингот на било каков начин.

• Ученикот кој не ќе може да ги прифати и спроведе овие правила, за жал, ќе биде замолен да го напушти часот.