18.11.2008
22-23 НОЕМВРИ 2008:
СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АИКИДО КЛУБОТ ХЕНБО СО УЧИТЕЛОТ БОШКО ЈЕЛИЌ 3°ДАН АИКИКАИ

На 22-ри и 23-ти НОЕМВРИ 2008 г. учителот Бошко Јелиќ од Србија ќе биде гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Не пропуштајте!
27.10.2008
АИКИДО ТРОФЕЈ НА ГРАДОТ БЕЛГРАД
Минатата сабота (25 октомври) во Белград се одржа традиционалниот аикидо настан - Аикидо трофеј на градот Белград. Оваа година тренинзите ги водеа Микеле Кваранта сенсеи и Јелена Врзиќ сенсеи како претставници од ААС и Мирко Јовандиќ сенсеи од АУС. Учесниците можеа да видат три различни гледишта кон аикидото и од секое да извлечат многу поуки. Нашиот клуб учествуваше со тројца претставници.
Во неделата пак, во салата на аикидо клубот Сеишин од Белград, се одржа бројно полагање за Дан степени во ААС и доделување на дипломите од полагањата од изминатиот перид, на кое дипломата за 1 Дан ја прими и учителот во нашиот клуб - Дамјан Цингарски.

22.10.2008
МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ВО СОФИЈА
На покана од Бугарската аикидо асоцијација на чело со Едвард Германов сенсеи (5 Дан Аикикаи), Кваранта сенсеи на 18-ти и 19-ти октомври одржа викенд семинар во Софија, Бугарија. Семинарот беше најавен како најатрактивен за оваа година во Бугарија и потполно ја оправда најавата. Учествуваа околу 100 аикидоки од Бугарија, Македонија, Швајцарија, Грција, Србија и Соединетите Американски Држави.
Уводните тренинзи ги водеше Германов сенсеи и низ ралични инвентивни форми претстави многу убаво аикидо. По него, Кваранта сенсеи ги објаснуваше основните начела на дидактичкиот систем на Икеда сенсеи и разбуди огромен интерес кај присутните.
Кваранта сенсеи ја има посетено Софија и во минатото како асистент на Икеда сенсеи, а сега за прв пат како учител.
>Куса биографија на Едвард Германов сенсеи<
01.10.2008
АИКИДО ДРУЖЕЊЕ СО ЈЕЛЕНА ВРЗИЌ 5.ДАН АИКИКАИ ВО БЕЛГРАД
Изминатиот викенд (26 и 27 септември 2008) белградскиот клуб Сеишин ја покани Јелена Врзиќ сенсеи да одржи два тренинга на кои ќе презентира дел од искуството стекнато при недамнешната едномесечна посета на Хомбу доџо во Токио, Јапонија.
Се заблагодаруваме за пренесеното на сенсеи Јелена и секако на домаќините за организацијата.

21.09.2008
ШИХАН МАСАТОМИ ИКЕДА 7.ДАН
22.08.2008:
НОВИ УПИСИ - СЕЗОНА 2008/09 !
ДОБРЕДОЈДОВТЕ !

Почнувајќи од 1-ви септември тренинзите ќе ги одржуваме како и до сега со распоред:
Понеделник 20:30-22:00
Среда 21:00-22:30
Петок 21:00-22:30
Местото исто така останува непроменето. Тоа е салата на „Карате центарот Работнички“ (кај трговскиот центар „Беверли Хилс“).
За повеќе информации: 070 764 066 или 075 421 012 или пишете ни на е-маил.
02.08.2008
НОВО ВИДЕО СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА НА YouTube
06.06.2008:
УСПЕШНО ОДРЖАН И ВТОРИОТ УЧИТЕЛСКИ СЕМИНАР ВО ПРАГА, ЧЕШКА
Од 30 мај до 1 јуни 2008 во главниот град на Чешка се одржа вториот од серијата учителски семинари за инструктори кои предаваат Аикидо според дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи 7.Дан Аикикаи. Првиот се одржа во ноември 2007 во Базел. Овојпат во полн состав претставниците од Полска, Чешка, Словачка, Холандија, Македонија, Германија, Хрватска, Украина и Швајцарија го проследија семинарот.
Како и првиот пат, семинарот го водеше учителот Кваранта. Темата беше програмата за полагање за 6-ти кју степен, т.е. што во однос на неа треба да знаат учителите и што треба да се очекува од учениците. Исто така беше образложено зошто Икеда сенсеи го вовел 6-тиот кју, иако во Јапонија вообичаено првиот степен е 5-ти кју.
Сè се одвиваше во одлична атмосфера и семинарот, се разбира, заврши успешно и на општо задоволство на сите.
Повеќе слики од настанот можете да погледнете кликнувајќи на следнава.
02.05.2008
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СЕМИНАРОТ СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ОД 11-13 АПРИЛ 2008!!!
По многу нешта ова беше најуспешниот семинар до сега во нашиот клуб! И секако, немаме намера да остане така. Се надеваме следните да бидат уште подобри.
Гостите што ги имавме од Бугарија, Србија, Швајцарија и Македонија беа повеќе од задоволни од тоа што можеа да го научат од учителот Микеле Кваранта. Атмосферата беше многу пријатна и полна со позитивна енергија.
Во рамките на семинарот се одржа и полагање за скоро сите КЈУ степени. Честитки за сите кои положија. :)
Со нетрпение ја очекуваме следната средба со нашиот учител Микеле Кваранта!!
20.03.2008
11-13 АПРИЛ 2008:
СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ 6.ДАН АИКИКАИ
ВО ХЕНБО АИКИДО ДОЏО, СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА !!!
Од 11-ти до 13-ти април 2008 нашиот учител Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија ќе биде по трет пат гостин на нашиот клуб и ќе одржи викенд семинар што ќе биде отворен за сите заинтересирани аикидоки.
Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс). Не ја пропуштајте приликата!
Повеќе информации <ОВДЕ>.
20.02.2008
ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СЕМИНАРОТ СО ЕРИК ГРАФ ОД ШВАЈЦАРИЈА!!!

Изминатиов викенд го направивме шестиот семинар во нашиот клуб, а под водство на учителот Ерик Граф.
Одличен семинар! Без да пишувам излитени од повторување реченици за тоа колку навистина уживавме, само ќе напишам дека им се заблагодарувам на сите гости кои го поддржаа овој семинар, а нив ги имаше од: Агатсу од Куманово, Шинген од Куманово, Пат кон мирот од Скопје и специјална благодарност до Сандер од Саншинкаи, Утрехт, кој допатува од Холандија и така го направи семинарот меѓународен.
На следниот, повелете, ве очекуваме и вас!
18.01.2008
СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ХЕНБО АИКИДО ДОЏО СО УЧИТЕЛОТ ЕРИК ГРАФ 3°ДАН АИКИКАИ !!!
На 15-ти и 16-ти ФЕВРУАРИ 2008 г. учителот Ерик Граф од Швајцарија ќе биде гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Не пропуштајте!




