Аикидо центар Хенбо - СкопјеАикидо центар Хенбо - СкопјеСкопје

  • Дома
  • Аикидо
  • Клуб
  • Зачлени се
  • СТРАНИЦИ
    • ВЕСТИ
    • Аикидо
      • Генки-каи
      • Хоџо
      • Џу-Џуцу
    • Учители
    • Врски
    • Документи

Изберете го вашиот јазик

  • Македонски (МК)
  • English (UK)
Super User
Texts about the art
04 Јули 2012

Будо

Будо (武道) во превод значи Воена наука. Традиционалното Будо (од пред Меиџи Реставрацијата) најчесто се нарекува корју буџуцу (koryu bujutsu), додека помодерните Будо вештини се нарекуваат Гендаи Будо (Gendai Budo).

Зборот Будо е составен од следниве идеограми од канџи писмото: 武 (бу) - што означува војна, воин, борба, и 道 (до) - со значење пат, начин или наука. Слично на тоа, Буџуцу е сложенка составена од канџи карактерите 武 (бу) и 術 (џуцу) што значи воена техника или вештина.

Па, така Будо најчесто е преведувано како „Патот на Војната“, (Начините на војната) „Патот на Воинот“, или „боречкиот пат“. Будо, поточно, претставува дисциплина и начин на живот специфичен за Јапонскиот воин. Будото се разликува од многуте други термини кои подразбираат посебни вештини и техники кои се вежбаат, како што се: Кјудо (Начин со лак и стрела или патот на лакот и стрелата) или Кендо (Начин на мечот или патот на мечот).

Многумина го сметаат Будото за модерна форма, интерпретација или еволуција на постариот, воен, буџуцу стил или стратегија, иако ова толкување не е потполно. Сите овие боречки стилови го даваат својот придонес во развојот на она што може да се смета за „помодерните“ наспрема „воените“ аспекти на борбите и личниот развој. Будо и Буџуцу претставуваат своевидни стратегии или филозофии кои се однесуваат на системите на борење и се термини со широко значење кои често се заменуваат во употребата. Нема тест или стандард што ќе ја направи класификацијата на овој или на оној начин.

Будо или Буџуцу ги вклучуваат сите вештини или техники користени од јапонските воини - самураите. Се состојат од удирачки елементи, боречки зафати и користење на оружје. Во модерно време тие се расчленети и пренесени во она што нам сега ни е познато како каратедо (патот на празната дланка), џуџуцу или џудо (голорако борење), аикидо (обединува борење и удирање со нагласено хармонизирање со нападот, со тежнеење кон мирољубив завршеток), кендо (мечување), иаидо (начините за вадење на мечот) и кобудо (стари стилови кои вклучуваат и оружје).

 

 

 

  • Претходна статија: Учители Претходно
  • Следна статија: Што е тоа аикидо? Следно
© COPYRIGHT - ALL RIGHTS RESERVED

Search

  • Дома
  • Аикидо
  • Клуб
  • Зачлени се
  • СТРАНИЦИ
    • ВЕСТИ
    • Аикидо
      • Генки-каи
      • Хоџо
      • Џу-Џуцу
    • Учители
    • Врски
    • Документи
We use cookies to ensure that we give you the best experience on our website.
I accept