Кратка биографија

dam3Дамјан Цингарски е роден 1978 во Скопје.
Образование: Магистар инженер архитект
Професија: архитект

Искуство во областа на боречките вештини:

- во 2000 година почнува да тренира аикидо.

- во 2002 година почнува да тренира аикидо под менторство на Микеле Кваранта сенсеи.

- во 2003 година станува член на Аикидо федерацијата на Србија и Црнагора – Аикикаи СЦГ (денешна ААС), за да има можност да полага за степени во признаена аикидо организација од Аикикаи фондацијата во Јапонија.

- во 2005 година го основа аикидо клубот Хенбо во Скопје.

- во 2006 година го основа Аикидо Икеда доџо - Скопје, и станува претседател на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија.

- во април 2008 година положува за 1°Дан пред Микеле Кваранта сенсеи.

- во март 2011 година положува за 2°Дан пред Микеле Кваранта сенсеи.

- во септември 2012 година патува за Јапонија, на аикидо конгресот организиран од Меѓународната аикидо федерациа (IAF). Во истата прилика, една недела вежба и учи во центарот на аикидо светот - Аикикаи Хомбу во Токио, на часовите на Дошу Моритеру Уешиба и Вака сенсеи Мицутеру Уешиба.

- во март 2015 година положува за 3°Дан пред Микеле Кваранта сенсеи.

Има учествувано на над 110 аикидо семинари низ Европа, од кои 9 седмични аикидо летни школи, а ја има посетувано и специјалната тренерска школа за дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи.

ЗАЧЛЕНУВАЊЕ

Нови членови се запишуваат пред почетокот на секој тренинг, во текот на целата година.

Запишувањето е бесплатно и потребно е само да ја испечатите и пополните следнава ПРИСТАПНИЦА или да се пријавите преку интернет на следниов линк: Е-ПРИСТАПНИЦА!

Дозволена возраст: од 7 до 13 (детска група) и од 14 до 62 (возрасна група).


Возрасна група:

Понеделник
Вторник
Среда
Четврток
Петок
Сабота
Недела

 

20:30 - 22:00

 

 

20:30 - 22:00

 

 

20:30 - 22:00

 

   

 

Детска група:

Понеделник
Вторник
Среда
Четврток
Петок
Сабота
Недела

 19:30 - 20:30

 

 

19:30 - 20:30

 

 

 

 

 

   

 

КАДЕ:

Henbo mapa smallТренинзите ги одржуваме во спортската сала на основното училиште „Ј. Х. Песталоци“  во близина на трговскиот центар „Буњаковец“.

На подлога од душеци за вежбање со површина од 150 м2 !

Адреса: Апостол Гусларот бр. 3 , Скопје

Кликнете на мапата за полесно снаоѓање.

 

ОПРЕМА:

Опремата за вежбање се состои од кимоно (или тренерки), а ви требаат и влечки за од соблекувалната до салата.

 

ВИДОВИ ЧЛЕНСТВО И ПЛАЌАЊЕ:

Пакет: Месечна членарина: Фамилијарни попусти:
за 2 члена за 3 члена за 4 члена
„ЗАФАТЕН“
Два пати неделно (8 тренинзи)
1000 денари 1700 денари 2000 денари 2200 денари
„СТАНДАРДЕН“
Три пати неделно (12 тренинзи)
1200 денари 2000 денари 2600 денари 3000 денари
„ВИШОК ЕНЕРГИЈА“
Три пати неделно (12 тренинзи) + дополнителни индивидуални тренинзи
3000 денари по договор по договор по договор
„ЛЕТЕЧКИ“
Поединечен тренинг
300 денари

Останати информации на тел: 076 69 70 00.

Повелете, ве очекуваме!