Генки-каи

Генки-каи

Покрај Аикидо и Хоџо, Икеда сенсеи, исто така, подучувал и Генки Каи.

Целта на Генки Каи е опуштање, правилно дишење и умствено спокојство. Сепак, овие зборови денес често се користат, па ние и не обраќаме многу внимание на нив. Потребно е активно да ги живееме за да бидеме во можност да ги разбереме целосно.

Вежбите од Генки Каи имаат форма на основни вежби за телото. Со Аикидо се раздвижуваме во стоечки став, а со Генки Каи го вежбаме телото во седечка и лежечка положба. Дел од тие вежби при седење и лежење формираат циклус што може да се повторува онолку пати колку што имаме потреба. Еднаш дневно би било најцелисходно. Најважно е да се вежба правилното дишење при изведувањето на основните елементи од вежбите.
Положбите се обработени така што телото се масира на неколку важни акупресурни точки кои одговараат на виталните меридијани на нашето тело. Тука Генки Каи се приближува на Шиатсу и Јога вежбите. Понекогаш се вежба самостојно, а понекогаш со партнер.
Размената на енергија, која во моментот на вежбање не е секогаш приметлива, постојано се случува со партнерот, а и во нас самите. Затоа, вежбањето Генки Каи, иако тоа не изгледа така, може да биде посебен вид на тест на истрајност, во смисла на тоа што ефектите не секогаш се веднаш видливи.

Генки Каи вежбите имаат многу позитивни ефекти врз нашето тело, што делува како внатрешно прочистување, т.е. како реорганизирање на нашите енергии.

Како што е прикажано на сликата, различните вежби се поврзани со четирите (т.е. петте) природни елементи, а со тоа и со основните техники од Аикидо.