Генки-каи

samurai-woodblock
Претстава на самураи во боречки зафат

Џу-џуцу во превод значи „Боречка вештина без оружје“. Тоа всушност претставува општо име (генеричко име) за сите боречки вештини кои се познати во денешно време, а во кои што се употребува само човечкото тело без дополнително користење на оружја и оклопи. Главно поради непознавањето на јапонскиот јазик во земјите од остатокот од светот, терминот џу-џуцу денес се користи како име за посебна боречка вештина на исто рамниште со карате, џудо, аикидо, итн. Но, корисно е да се знае дека џу-џуцу е практично множество кое ги опфаќа и содржи сите овие посебни вештини.

"ЏУ" ( 柔 ) може да се преведе како "нежна, мека, еластична, флексибилна, а "Џутсу" ( 術 ) може да се преведе како "уметност" или "вештина".

Џу-џуцу е наука или вештина за борење гради в гради, без оружје. За таа цел се изучуваат удари, зафати, лостови, фрлања, одбрамбени елементи, избегнувачки движења итн. Целта на ова изучување е да се онеспособи противникот, повредувајќи го или убивајќи го. Оваа неблагородна и деструктивна цел е подразбирлива за времето во кое настанале ваквите боречки вештини, но од денешен аспект не е посакувана. Јапонската традиција во негувањето на знаењата за овој вид на вештини се должи на осознавањето на придобивките од самото знаење и сфаќањето дека не мора да се употребува таквото знаење за деструкција, туку посредно, за конструктивност и општа и лична добробит.

Matsuyo Maeda
Мицујо Маеда

Бразилското Џиу-џицу - (БЏЏ) е развиено откако јапонецот Мицујо Маеда го донел џудото во Бразил во 1914 година. Маеда го подучувал Карлос Грејси (Carlos Gracie), син на негов тамошен пријател Гастао Грејси (Gastão Gracie) бразилски бизнисмен и политичар. Откако Карлос ја научил вештината од Маеда, тој го пренел стекнатото знаење на своите браќа Освалдо (Oswaldo), Гастао Џуниор (Gastão Џуниор), и Џорџ (George). Во меѓувреме, Хелио Грејси (Hélio Gracie), кој се уште бил дете, ѕиркал и вежбал техники, иако му било речено дека е премногу млад за да вежба. Во тоа време, џудото се уште било нарекувано Кано Џиу џицу - (по неговиот основач Џигоро Кано - Jigorō Kano), и затоа називот на „новата“ вештина станува Бразилско Џиу-џицу - наместо да биде Бразилско џудо. Разликата помеѓу варијантите на името Џу Џуцу и Џиу Џицу, се јавува поради начинот на изговор на истите јапонски слогови во Бразил и САД и Европа. Семејството Грејси во почетокот ја брендирало вештината под називот Грејси Џиу-Џицу (GJJ)

helio-gracie
Хелио Грејси

, а по масовното раширување низ Бразил почнува да се нарекува Бразилско Џиу-Џицу (BJJ). Нагласувањето на борбата во партер (на под) настанало затоа што семејството Грејси сметале дека тоа е поефикасно и така ќе бидат по практични во борбите еден-на-еден. Карлос и Хелио Грејси помогнале во развојот на БЏЏ преку промоција на борби (најчесто против вежбачи на другите боречки вештини), натпревари и децениско експериментирање низ интензивен тренинг. БЏЏ доминираше на првиот голем модерен натпревар во мешани боречки вештини (ММА), принудувајќи ја новата област да усвои многу од неговите практики. Во БЏЏ помалку се практикуваат техники во стоечки став и поради корените кои ги има во џудо и џуџуцу.

Во денешно време Бразилското Џиу-Џицу е спортска дисциплина издигната на светски ранг и се практикува масовно. Но не треба да заборавиме дека поради спортскиот карактер, исто како и модерното Џудо, па и сите останати боречки спортови, правилата со кои се забранува нанесување на неизлечиви повреди и трајни оштетувања, го намалуваат спектарот на теники за одбрана (и напад) и со тоа губат од целовитоста како боречки вештини. Тоа е една од двете работи што ги прави различни од боречката вештина аикидо, а втората крупна разлика е во идејата за ненапаѓање и неповредување, врз која е изградено аикидото, и поради што во аикидото не се можни натпревари. Наместо тоа, се негува идејата за себенадминување, наместо еднократна победа која носи краткотрајна слава и задоволување на човечката суета.

bjj
Модерна, спортска варијанта на Бразилско џиу-џицу

Покрај Аикидо и Хоџо, Икеда сенсеи, исто така, подучувал и Генки Каи.

Целта на Генки Каи е опуштање, правилно дишење и умствено спокојство. Сепак, овие зборови денес често се користат, па ние и не обраќаме многу внимание на нив. Потребно е активно да ги живееме за да бидеме во можност да ги разбереме целосно.

Вежбите од Генки Каи имаат форма на основни вежби за телото. Со Аикидо се раздвижуваме во стоечки став, а со Генки Каи го вежбаме телото во седечка и лежечка положба. Дел од тие вежби при седење и лежење формираат циклус што може да се повторува онолку пати колку што имаме потреба. Еднаш дневно би било најцелисходно. Најважно е да се вежба правилното дишење при изведувањето на основните елементи од вежбите.
Положбите се обработени така што телото се масира на неколку важни акупресурни точки кои одговараат на виталните меридијани на нашето тело. Тука Генки Каи се приближува на Шиатсу и Јога вежбите. Понекогаш се вежба самостојно, а понекогаш со партнер.
Размената на енергија, која во моментот на вежбање не е секогаш приметлива, постојано се случува со партнерот, а и во нас самите. Затоа, вежбањето Генки Каи, иако тоа не изгледа така, може да биде посебен вид на тест на истрајност, во смисла на тоа што ефектите не секогаш се веднаш видливи.

Генки Каи вежбите имаат многу позитивни ефекти врз нашето тело, што делува како внатрешно прочистување, т.е. како реорганизирање на нашите енергии.

Како што е прикажано на сликата, различните вежби се поврзани со четирите (т.е. петте) природни елементи, а со тоа и со основните техники од Аикидо.

Ка шима Шин ден Џики шин каге рјy (鹿島神傳直心影流), исто така накусо познато како Џики шин каге рјy (直心影流), е стил на корју кенџуцу за прв пат развиен во касниот Сенгоку период во Јапонија.
Ова е еден од средновековните јапонски боречки стилови кои до денешен ден се изучуваат.
Во слободен превод  Кашима Шинден Џикишинкаге-рјy значи:

  1. Кашима = место во Јапонија каде што е светилиштето.
  2. Шинден = дадено од боговите
  3. Џикишинкаге = од сенката на срцето
  4. Рју = школа

Историја

Стилот Џикишинкаге-рју потекнува од кенџуцу стиловите развиени во доцниот Муромачи период кој што се преклопува со Сенгоку периодот, или поточно датирано како касен 15-ти или ран 16-ти век, во светилиштето Кашима, а чиј основач бил Мацумото Бизан-но-Ками Наокацу (松本備前守尚勝, 1467-1524). Директни предци на стилот Џикишинкаге-рју се: Шинкге-рју и Каге-рју стиловите.

Џикишин Каге-рју Кенџуцу потекнува од предходната школа, Каге-рју Кенџуцу. Самурајот Аизу Ико го основал Каге-рју (Школа на сенката) во 1490 година. Го усовршил и го подучувал неговиот стил низ Јапонија. Постојат докази од 1525 година, дека друг самурај Комизуме Исе но Ками Нобуцуно (1508-1548) го подучувал својот стил, форма на Каге-рју кенџуцу. Го нарекол Шинкаге-рју (школа на новата сенка). Џикишин Каге-рју значи “најновата школа на древната сенка”. Името се однесувало на претходниците, а искажувало и почит кон неговите поранешни учители. Мацумото Бизен но Ками Наукацу бил познат учител во ова школо, а исто така основал и свое кое на почетокот го нарекол Кашима Шинрју, а потоа и Кашима Шинден Џики Шинкаге-рју. Овие школи можат и денеска да бидат пронајдени низ целиот свет. Постојат повеќе варијации како: Џикишин Каге-рју, Сеито Шинкаге-рју, итн.

14-иот голем учител од Џикишин Каге-рју Кенџуцу, Кенкичи Сакакабира, бил познат мечувалец во неговото време и личен телохранител на Шогунот. Неговите двајца најталентирани придружници биле Јамада Јирокичи и Мацудаира Конен, кои ги изучувале и потрадиционалните начини на Џикишин Каге-рју. Најдобирот Коненов ученик бил Макита Шигекацу, младо момче од самурајска фамилија од Хокаидо. Неговото име и Џикишин Каге-рју станале познати на северниот остров во времето на Јапонската цивилна војна во 1860 година. Покрај борбата со меч, тој бил и експерт во јапонско стрелаштво - Кјудо. Тој бил наследникот на титулата главен учител во Џикишин Каге-рју, но за жал се борел во изгубена битка против Императорот во револуцијата. Самураите биле распуштени и тој морал да избега. Подоцна тој се вратил во Хокаидо и отворил свое доџо наречено Џикишин Кан Доџо. Тој подучувал разни боречки вештини а, не само кенџуцу. Неговото доџо било популарно и покрај забраната на катани во 1876 година.

По смртта на Шигекатцу, селаните од Ацута подигнале црн гранитен обелиск во негов спомен. Споменикот постои и денес и може да се посети. Семејната традиција била превземена од неговиот внук Кимијоши Сузуки. Учителот Кимијоши бил исто така и мајстор во Гоџу-рју карате и Џикишин Каге-рју Кенџуцу.

Карактеристики

Џикишинкаге-рју стилот има многу разлики кога ќе се спореди со модерното кендо. Веднаш можеме да ја посочиме различната работа со нозете и киаи извиците:

  1. Ун_пo (運法)е движење со нозете кое се користи во Џикишинкаге-рју стилот. За разлика од суриаши во модерното кендо, овде се нагласува дека двете нозе мора да останат цврсто на земјата во секое време.
  2. Ки_аи (気合) се состои не само од извикување, како во поголемиот број боречки вештини, туку и во правилниот начин на вдишување, а подразбира и одредена состојба на умот.
  3. Ками_хан_ен (上半円 ) и шимо_хан_ен (下 半円) (горниот полукруг и долниот полукруг, поинаку наречени и џо_хан_ен и ге_хан_ен) се неконвенционална ваза (начин на изразување на техники) во овој стил. Грубо кажано, мечувалецот испишува полукруг (нагоре или надолу) и со левата рака (која го држи мечот) и со десната (која е слободна). Го завршува движењето со двете раце испружени до крај со мечот кој покажува нагоре а, показалецот од слободната рака покажува надолу.
  4. Овие движења може да се сметаат за “поздрав” и форма на медитација и вообичаено се вршат на почетокот и на крајот од ката или субури сесија. Тие ги претставуваат сите нешта на небото и сите на земјата, а тој што вежба е во центарот.

Оние кој го вежбаат стилот на Џикишинкаге-рју работат и со одачи и со кодачи, но не и со двете одеднаш.

Oблека

Во постарите времиња кенџуцу се вежбало во дебели кимона (кеикоги). Тие биле потребни за заштита, иако понекогаш не биле доволни. Тренинзите се многу понеопасни во денешно време, па стандарната облека во кенџуцу се нормално будо (карате или џудо) кимоно и панталони. Почетниците носат бел појас, понапредните син и кафен, а тие кои успешно ќе го положат испитот за 1.дан степен можат да носат црн појас со хакама. За да се спречи стапнувањето на хакамата кога се вежба во низок став, се подигаат левите и десните надворешни горни краеви и се ставаат под појасот (оби) пред да почне тренингот. За надворешен тренинг се носат јапонски таби чевли.

Појаси, степени

Во раните времиња во Јапонија не постоело ништо слично на испити или рангирања. Кога според учителот, неговиот ученик бил спремен, тој барал да го покаже своето знаење. Во Џикишинкаге-рју постоеле четири нивоа. Реикен - нормално ученичко ниво, мокуроку и киркгами - напредно ниво, и највисокото, менкјо каиден - мајсторско ниво, кое му давало право на носителот да почне да го пренесува своето знаење. Дипломите биле рачно пишувани и ги содржеле сите техники што ученикот ги покажал пред учителот. Ако испитот бил успешно положен, новиот учител можел да носи хакама. Ова го означува денешниот црн појас. Овие работи се променети и сега ние ги имаме истите кју-дан методи како и повеќето борбени вештини.
(Кимијоши Сузуки)

3. кју-бел појас
2. кју-син појас
1. кју-кафен појас (реикен)
1. Дан-црн појас (киригами)
2. Дан-црн појас (мокуроку)  
3. Дан-црн појас (менкјо) и тн.

Највисокото ниво кое го имаат учениците на Кимијоши Сузуки е 2-ри Дан црн појас. Испитите за појаси се одржуваат еднаш годишно на летна школа. Хакама можат да носат само оние кои успешно го положиле испитот за прв дан. Секој може да полага само еднаш годишно.

 

Хоџо

hojoХоџо катата е првата класична ката од Џикишинкаге школата . И шидачи и учидачи вообичаено користат дрвен меч (бокен) иако би можеле да користат и прави мечови (шинкен).
Катата е составена од 4 Сезони. Имено: пролет (хару но тачи), лето (нацу но тачи), есен (аки но тачи) и зима (фују но тачи) по редослед на извршување. Секоја сезона содржи 6-8 вази (движења). Пред секоја сезона се прави Ками хан ен, а по секоја Шимо хан ен.
Темите на четирите годишни времиња се однесуваат на универзалните принципи кои се изразуваат  себе си и преку други облици. Некои од нив се запишани во табелата подолу. 

Секоја сезона има соодветно темпо, што потсетува на карактеристиките што се воочуваат во секоја сезона. Па така, движењата во Пролетта се изведуваат на мек и брз начин придружувани со гласно киаи. Движењата во Летото се експлозивни, остри и јаки. Есента има променлив ритам, што ја симболизира промената и на крај, движењата во Зимата се спори, но сигурни и цврсти. Ова е нагласено и кај движењата со нозете во секоја сезона.

Држењето на телото, изразот на движењата и точното дишење се многу важни во Хоџо катата, и можат да бидат од голема помош на секој кој вежба аикидо.

  • HOJO KATA
    • 1st: Ipponme - SPRING (Haru no Tachi): Hasso Happa
    • 2nd: Nihonme - SUMMER (Natsu no Tachi): Itto Ryodan
    • 3rd: Sanbonme - AUTUMN (Aki no Tachi): Uten Saten
    • 4th: Yonhonme - WINTER (Fuyu no Tachi): Chotan Ichimi

 

 

(taken from the free online encyclopedia Wikipedia)

ипонме
прва форма

нихонме
втора форма

санхонме
трета форма

јонхонме
четврта форма

хару но тачи
пролет

нацу но тачи
лето

аки но тачи
есен

фују но тачи
зима

хасо хапа
осум правци

ито риодан
сечење на егото

утен сатан
време на промени

чотан ичими
...

забрзување

брзо

смирување

споро

утро

попладне

квечерина

ноќ

затоплување

топлина

заладување

ладно

детство

адолесценција

зрелост

старост