ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

Известување од летната аикидо школа 2007 во Вршац, Србија

Under the patronage of the Aikido Association of Serbia, and organized by the Aikido Club "Vrsac", this summer again, the traditional Aikido Summer School was held under the leadership of Quaranta sensei. 

alek

16 - 20 ЈУЛИ 2007

group

Aikido Assotiation of Serbia (поранешна АФСЦГ), шеста година по ред организира летна школа за аикидо под водство на учителот Микеле Кваранта. Оваа година таа се одржа во малото војводинско гратче Вршац, во непосредна организација на тамошниот аикидо клуб „Вршац“, кој се покажа како одличен организатор! Во комплексот на пилотската академија ЈАТ, каде што се одржа школата, навистина, условите се многу добри за потребите на една летна аикидо школа. Спортска сала, терени на отворено, одлични соби и одлична храна. И сето тоа многу ефтино. Единствен недостаток беше релативната близина на градот, која ги измамуваше учесниците во вечерните часови, па изостна честото групно дружење кое во минатите години беше присутно.

michele hojoУчествуваа околу 55 аикидоки, меѓу кои освен домашните имаше и гости од Холандија (3), Швајцарија (5) и Македонија (6), што, како и досега, прави оваа школа да има меѓународен карактер. Размената на искуства со гостите е секогаш корисна затоа што ни овозможува да согледаме поширока слика на практикувањето на аикидото.

Тема на школата беше МА-АИ или точно растојание. Учителот Кваранта ја изложи темата низ сите форми на вежбање аикидо, па така, се работеше и аикикен (меч) и аикиџо (стап), а се разбира не изостана и Хоџо (кати со хоџо меч).

Дневниот распоред на вежбање беше ваков:
07:00 - 08:30 - Хоџо тренинг
10:00 - 12:00 - Aикидо тренинг во сала
17:00 - 19:00 - Аикидо тренинг во сала придружен понекогаш и со вежбање надвор (аикикен и аикиџо)

Ваквиот распоред можеби делува исцрпувачки - три тренинга во денот не ти дозволуваат да имаш време за ништо друго освен за вежбање, јадење и спиење, но тоа истотака овозможува еден потполн ментален одмор, затоа што во тие 5 дена нема време да се мисли на ништо друго, освен на аикидо! Сите останати грижи и прашања ги нема во овој период.

Уште само температурата да беше пониска додека траеше оваа аикидо школа, ќе беше совршено!

Им пожелуваме на ААС да ја продолжат традицијата и следната година повторно да се дружиме вежбајќи аикидо!

СЛИКИ: ТУКА!