ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ УЧИТЕЛСКИ СЕМИНАР ВО БАЗЕЛ, ШВАЈЦАРИЈА

дамјанМинатиот викенд (16-18.11.2007) во Базел се одржа првиот од десетте учителски семинари за инструктори кои предаваат Аикидо според дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи 7.Дан Аикикаи. Семинарот го водеше долгогодишниот прв асистент на учителот Икеда, Микеле Кваранта сенсеи 6.Дан Аикикаи. Скоро сите клубови или федерации кои работат според овој систем имаа свој претставник на овој семинар, па така имаше инструктори од Полска, Чешка, Словачка, Холандија, Македонија, Србија, Германија и секако Швајцарија. Изостанаа само уште Хрватска и Украина.

Целта на овие семинари е инструкторите по аикидо да добијат познавања од повеќе области кои се поврзани со предавање аикидо. Доброто познавање на аикидо техниките е секако неопходно но не е и единствено потребно за некој кој подучува ученици. Поради ова, специјалисти од различни области како што се анатомија, педагогија, менаџмент, укажување прва помош итн. ќе бидат дел од семинарите кои ќе следат во наредниот период.