ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

Гостување на клубот „Ренбукан Октагон“ во Хенбо

Како и досега, во духот на пријателството и соработката, нашиот клуб организира уште едно дружење, но овој пат не со аикидо клуб, туку со клуб во кој се изучуваат мешани боречки вештини (ММА). Клубот „Ренбукан – Октагон“ со својот учител Томислав Ивановски, ќе гостува во нашиот клуб на тренингот во понеделник (21.12.2009)...

tomy lee 500

ГОСТУВАЊЕ НА КЛУБОТ „РЕНБУКАН - ОКТАГОН“ ВО ХЕНБО

на 21 декември 2009

Како и досега, во духот на пријателството и соработката, нашиот клуб организира уште едно дружење, но овој пат не со аикидо клуб, туку со клуб во кој се изучуваат мешани боречки вештини (ММА). Клубот „Ренбукан – Октагон“ со својот учител Томислав Ивановски, ќе гостува во нашиот клуб на тренингот во понеделник (21.12.2009).
Ова ќе биде прво од серија вакви дружења кои планираме да ги реализираме во следниот период. Се надеваме дека со ова ќе дадеме пример и за останатите клубови за боречки вештини од кои, за жал, некои не сакаат да се дружат дури ни со клубови од истата вештина.
Мајсторот Томислав Ивановски ја прифати нашата покана препознавајќи го кај нас искрениот и чесен став кон боречките вештини. Со овој заеднички тренинг уште повеќе взаемно ќе ги продлабочиме овие квалитети!

 

Куса биографија на учителот во „Ренбукан - Октагон“:

Томислав Ивановски – Шотокан карате мајстор 6-ти дан.

Со Карате-до, неговиот животен пат, започнува во 1972 год. По првите почетни години кај неколку тренери, во 1976 год. преминува кај г-дин др. Славе Пашоски, Шотокан карате мајстор 8-ми дан, каде што се здобива со многу квалитетни познавања за каратето.

Спортска кариера:
1981 – Прво место на републичко првенство во кумите (борби) полутешка категорија.
1981 – Второ место на Р.М во борби исто полутешка категорија,
1985/86 – Второ место Р.М екипно кати,
1987 – Трето место апсолутно борби Р.М,
1989 – Второ место меѓународен турнир Вевчани борби апсолутна категорија.
1990 – Самсон куп меѓународно првенство (Р. Унгарија) трето место поединечни борби, и прво место екипно борби (Југословенска репрезентација),
1995 – второ место борби на ,,Казе Мак“ – Охрид (шотокан карате турнир), истата година второ место на ,,Като Турнирот” борби апсолутна категорија – Охрид, со што и го завршува натпреварувањето во карате спортот.
1996 – продолжува со натпреварување во Кик-бокс, истата година го освојува второто место на турнирот во Тетово, во тешка категорија.
1997 – во “Касале Монферато” – Италија го освојува 6-тото место во дисциплината семи контакт, каде што бил и тренер на македонската Кик-бокс репрезентација. Истата година (1997) настапува и на светското првенство во ”Есен” Германија во дисциплината Лоу кик +90 кг. и го освојува, како што самиот вели, неговиот најдраг медал – сребрениот, бидејќи бил во залезот на спортската кариера.
1998 – на светското првенство во “Дубровник” го освојува 5-тото место.

Од 1996 до 1998 работел како тренер на Македонската Кик-бокс репрезентација. Исто така бил и тренер во агенцијата за обезбедување на лица и имот ”НИКОБ” се до 2008 год.

Денес има свој клуб ”РЕНБУКАН-ОКТАГОН'' со кој членува во јапонската КУДО-КАРАТЕ АСОАЦИЈАЦИЈА.