ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

ВТОР СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА 6. ДАН ВО СКОПЈЕ

Од 23-ти до 25-ти МАРТ господинот Микеле Кваранта ќе биде по вторпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи тридневен семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата ЦБС Студент (бараките позади Машинскиот факултет)! Се пристапува од уличката позади ресторанот Лира.

 

bokken

 

Семинарот ќе биде со следниот распоред:

претпладне попладне
петок (23 март) 19:00-21:00
сабота (24 март) 10:00 - 12:00 17:00 - 19:00
недела (25 март) 09:30 - 11:30

Семинарска такса:

цел семинар еден ден еден тренинг
1000 денари 800 денари 600 денари

Хакама им е допуштена само на носителите на Аикикаи регистрирани дан степени.

За сите дополнителни информации јавете се на 070 / 764066, или пишете на наштата e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Кратка биографија на учителот Кваранта:

Микеле Кваранта сенсеи се се занимава со аикидо преку 30 години континуирано. 20 години бил ученик и асистент (уке) на Масатоми Икеда сенсеи и го придружувал безмалку на сите семинари.

Неговата желба за несебично пренесување на стекнатото знаење посебно го издвојува меѓу познатите аикидо учители.

Со одлука на комисија од Аикикаи седиштето и со одлука на дошу Моритеру Уешиба, на 14-ти јануари 2007, беше унапреден во 6. Дан (Roku Dan). >Прочитај повеќе.