ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

seminarski poster 2015

За сите учесници на семинарот, ова се информациите кои ги очекувате:

Такса: 2100 денари или 35 евра - ВАЖНА НАПОМЕНА: Со меѓусебен договор обезбеден е ПОПУСТ за членовите на клубови и организации со кои имаме догогодишна соработка. ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАЈ ВАШИОТ УЧИТЕЛ за договорениот попуст.

ВАЖНО: На наплатниот пункт ПОТРЕБНО Е да приложите членска книшка од вашиот клуб/организација за обезбедување на ПОПУСТОТ!

Распоред:

Петок, 27 март (во салата на ОУ Песталоци)
18:00 - 19:00 Детски тренинг
19:00 - 21:00 Полагања за Дан степени

Сабота, 28 март (во салата на СРЦ Кале)
10:00 - 12:30 тренинг (Кваранта сенсеи + Врзиќ сенсеи)
12:30 - 13:30 Детски тренинг

16:00 - 19:00 тренинг (Германов сенсеи + Кваранта сенсеи)
19:00 - 20:00 Јавна аикидо демонстрација - Ембукаи (ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!!!)
20:30 - 00:00 Забава

Недела, 29 март (во салата на СРЦ Кале)
10:30 - 13:00 тренинг (Германов сенсеи + Врзиќ сенсеи)

map10years

Ве очекуваме заедно да прославиме!

На 28-ми и 29-ти март 2015, со викенд семинар, клубот Хенбо ќе го прослави јубилејот - 10 години постоење.

Семинарот ќе го водат три врвни учители, сите носители на 6-ти Дан: Микеле Кваранта шихан, Јелена Врзиќ сенсеи и Ед Германов сенсеи.

Деталите за точната локација и распоредот на тренинзите ќе следат наскоро.

J. H. Pestaloci

Од 01.11.2014 клубот Хенбо работи на нова локација, во реновираната спортска сала на ОУ Ј. Х. Песталоци, позади ТЦ Буњаковец.

Вежбаме на душеци (татами) посебно наменети за аикидо и џудо, на површина од 150 м2. Термините за возрасните се во понеделник, среда и петок од 20:30, а за децата во среда и петок од 19:30.

Видете ги сликите ТУКА.

J. H. Pestaloci

 voskresenie Hristovo

За време на велигденските празници тренинзи нема да одржиме на:
18-ти и 21-ви април. Петок и понеделник. Ќе продолжиме на 23-ти во среда со редовни тренинзи.
Сезоната 2013/2014 за трениинзи во сала ќе ја завршиме кон средината на јуни. Последниот тренинг во сала ќе биде на 13 јуни. Потоа следува пауза од две седмици и потоа продолжуваме со тренинзи во парк, како и секоја година.
Поздрав!

 

seminar poster 2014 Michele Quaranta

 

 

Чест ни е што можеме да го најавиме Пролетниот државен семинар со Микеле Кваранта шихан во 2014-та година.

Добредојдени сте!

Семинарот се состои од три тренинга.
Семинарска такса: 1200 денари или 20 EUR.
Отворен за учество.
Учеството е на сопствен ризик.
За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: 070 764066

Вкупно 48 учесници! Уште еднаш голема благодарност до сите што помогнаа со донација, а особено ги поздравувам присутните затоа што со личен пример ја зајакнаа симболиката на солидарното помагање. Се гледаме повторно во следна прилика!

solidarnost seminar 2013

На 22-ри декември 2013 година, во 12:30 часот, во салата на нашиот клуб, ќе се одржи семинар за собирање на средства кои ќе бидат предадени како помош. Овој гест на солидарност го поздравуваме и се надеваме дека ќе дадеме пример за сите кои ќе ги допре.

aikisolidar

На 9 ноември 2013 - денот на ослободувањето на градот Велес, клубот Хенбо беше поканет да направи демонстрација на аикидо вештината во склоп на манифестацијата „Вечер на боречки вештини“ која во својот град петта година по ред ја организира Центарот за боречки вештини Бушидо од Велес. Домаќинот на овој настан, на клубот Хенбо и на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија им врачи благодарници за успешна соработка и поддршка на развојот на боречките вештини во Македонија.

veles2

Изминатиот викенд (26-27.10.2013) сенсеи Тоширо Суга одржа семинар на покана од аикидо клубот Хоши од Скопје. Присуствувавме на предавање на знаење и демонстрација на зафати кои ни го збогатија знаењето и од технички но и од методолошки аспект. Им благодариме на Кире и Мето за поканата!

suga

A3 reklamen poster 2013 smallТренинзите за сезоната 2013-2014 почнуваат на 9-ти септември за возрасната група и на 11 септември за детската група. Термините се исти како и лани. Се гледаме наскоро во сала!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 14.06.2013 се одржа првото полагање за нашите најмлади членови. Им честитаме и им посакуваме да вежбаат аикидо уште многу долго и да постигнат исклучително мајсторство.

kids exam 06.2013

sskl frontИзлезе новиот број на „Саншинкаи писмо“ списанието (Sanshinkai letter), публикација која ја подготвува Ерик Граф со помош на секој кој на некаков начин е поврзан и истражува на полето на Саншинкаи методологијата на Масатоми Икеда сенсеи и сака да придонесе во создавањето на содржината во списанието. Списанието е бесплатно и се објавува на веб сајтот на аикидо клубот во Нушател, Швајцарија - Aikido Ikeda Dojo de Neuchatel.

Ова е седми број по ред, и како и сите пред него, има исклучително корисни информации. Посебно издвојувајќи го написот со детални објаснувања и цртежи од Хоџо катата.

Кликнувајќи на сликата ќе го превземете овој последен, седми број, а на следниов линк ќе ги најдете и останатите броеви од „Саншинкаи писмо“ списанието.

www.dojo-ne.ch/en/downloads/san-shin-kai-letter