ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

aikiken aikido

Гратчето Вршац во Војводина, Србија, ова лето ќе биде домаќин на летната школа за аикидо која традиционално се организира од Аикидо Асоцијацијата на Србија (ААС). Годинава таа ќе трае 5 дена од 16-ти Јули до 20-ти Јули.

Школата ќе ја води учителот Микеле Кваранта 6. Дан.

За повеќе детали симнете ја поканата од организаторите. (тука)

 

Од 23-ти до 25-ти МАРТ господинот Микеле Кваранта ќе биде по вторпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи тридневен семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата ЦБС Студент (бараките позади Машинскиот факултет)! Се пристапува од уличката позади ресторанот Лира.

QuarantaСо одлука на комисија од Аикикаи седиштето (Hombu dojo) и со одлука на дошу Моритеру Уешиба, на 14-ти јануари 2007, нашиот ментор Микeле Кваранта беше унапреден во 6. Дан (Roku Dan).

Веста ја дочекуваме со голема радост и од сé срце честитајќи му на учителот Кваранта му посакуваме успех и во понатамошната работа!

yutopwww.henbo.com.mk се најде на списокот на ТОП 100 најпосетувани македонски веб сајтови по само 4 месеци од неговото активирање. Ова истражување го спроведе www.cepelin.net повикувајки се на неколку релевантни интернет пребарувачи. Им благодариме на искрените посетители. Повеќе -> mbmk1

На 18-ти и 19-ти Ноември во нашето доџо, семинар ќе одржи аикидо учителот од Србија, Александар Дејановиќ. Ќе одржи 4 тренинзи - два во сабота и два во недела со исто времетраење и почеток:

Од 10:00-12:00 и од 17:00-19:00.

Семинарската такса е 500 денари.