Учители

Учители

Дамјан Цингарски

dam3Роден 21.06.1978 во Скопје.
Образование: Магистар инженер архитект
Професија: архитект

Искуство во областа на боречките вештини:

Со аикидо почнува да се занимава во 2000 година. Во 2002 година почнува да вежба под менторство на Микеле Кваранта сенсеи. Аикидо клубот Хенбо во Скопје го основа во 2005 година. Следната година го основа и Аикидо Икеда доџо - Скопје, и станува претседател на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија.

Во септември 2012 година прв пат патува за Јапонија, на аикидо конгресот организиран од Меѓународната аикидо федерациа (IAF). Во истата прилика, една недела вежба и учи во центарот на аикидо светот - Аикикаи Хомбу во Токио, на часовите на Дошу Моритеру Уешиба и Вака сенсеи Мицутеру Уешиба.

Има учествувано на два конгреса на Меѓународната аикидо федерација (IAF) во Јапонија, на над 120 аикидо семинари низ целиот свет, од кои 9 седмични аикидо летни школи.

Со подучување на редовните тренинзи во својот клуб и со одржување на семинари во земјава и во странство, активно работи на распространување на школата за дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи.

За сите степени има полагано пред Микеле Кваранта сенсеи од кои последно во 2015 година се здоби со 3°Дан стапен.

 

Микеле Кваранта

aikido aikikai clip image006Роден: 24.12.1953 година

Образование: Средно економско училиште

Јазици: зборува италијански, шпански, француски, германски, португалски и англиски.

Аикидо: вежба од 1972 година. Континуирано до денешен ден. Носител е на 6. Дан мајсторски степен и титулата Шихан, доделена директно од Аикикаи. Дваесет години бил ученик и асистент (уке) на Масатоми Икеда сенсеи и го придружувал безмалку на сите семинари.

Професионален профил: во минатото бил професионален фудбалер на ФК Нордстерн (1-ва лига), одредено време работи како професионален фудбалски тренер, потоа работи како банкарски службеник и на крај се насочува исклучиво кон аикидото.
Севкупното знаење за вештината го должи на учењето од Икеда сенсеи. По повлекувањето на Икеда сенсеи од активниот аикидо живот во 2001-ва година, Кваранта сенсеи продолжува самостојно да подучува и да го проширува аикидото по методологијата наследена од Икеда Сенсеи.

Аикидо школи: има основано неколку клубови со под-ограноци. Најстариот е во градот Базел (Швајцарија) од 1983 година, а останатите во Неушател, Луцерн и Биел (Швајцарија). Во рамките на овие школи има повеќе инструктори од кои неколкумина посебно работат со мали деца. Има преку 500 ученици во овие клубови.

Во меѓународни рамки посебно се истакнува како Технички директор и член на Техничките комисии на повеќе држави кои ја ценат неговата способност и оддаденост на аикидото. Со правото да доделува степени заклучно со 4. Дан во Словачката аикидо асоцијација, додека самиот беше носител на 5. Дан и титула Шидоин, претставува единствен пример во светот со таква дозвола доверена од Аикикаи Хомбу.

Освен аикидо подучува и: Хоџо (HOJO) (дисциплина развиена во познатата школа Кашима Шинден Џикишинаге Рју (Kashima Shinden Jikishinkage Ryu) која датира од 14 век и за која се користи посебен бокен (дрвен меч). Оваа дисциплина ја подучува на летните семинари.

Семинари: редовно одржува семинари во следните земји: Швајцарија, Словачка, Чешка, Полска, Холандија, Ирска, Бугарија, Србија и Македонија, а повремено на покани и во В. Британија, Русија, Украина, Египет, Италија, Франција, Германија и САД.

Хоби: музика.

Масатоми Икеда

aikido aikikai clip image004Роден: 08.04.1940 година, Токио

Образование: Факултет за физичка култура, Нихон Таику Универзитет, Токио

Аикидо: вежба од 1958 година и во аикидото е активен до денешен ден, носител е на 7. Дан мајсторски степен во Аикидо, 5. Дан Сумо, 4. Дан Џудо. Негов учител по аикидо е Хироши Тада 9. Дан Аикикаи. Последниот степен во аикидо го добил во 1989 година.

Историјат на престојот: до 1965 престојува во Јапонија, од 1965-1970 во Италија, 1970-1977 Јапонија (учител во спортска гимназија), од 1977 престојува во Цирих каде ја основа својата школа Аикидо Икеда Доџо, Цирих. Од 2001 г. не подучува аикидо поради болест.

Раководење: од 1977 година е технички директор на Швајцарската Аикидо Федерација, од 1995 на Чешката Аикидо Федерација, од 1996 г. на Словачката Аикидо Федерација, а од 1997 г. станува и технички директор на Југословенската (подоцна СЦГ) Аикидо Федерација, за во 1998 г. да стане и технички советник на Интернационалната Аикидо Федерација (ИАФ) заедно со г-дин Х. Исојама (H. Isoyama) 9 Дан Хомбу Доџо.

По доаѓањето во Швајцарија, Икеда сенсеи увидува дека традиционалниот начин на подучување аикидо за европејците не е најсоодветен поради големите културолошки разлики со Јапонците. Одредени работи кои во Јапонија се подразбираат, во Европа мора да бидат посебно објаснувани. Имајќи особено чувство во однос на овие разлики, Икеда сенсеи составува дидактички систем и програма за полагање кои просто зачудуваат со генијалноста со која се срочени. Методологијата на подучување која произлегува од нив, веќе доволно говори самата за себе со тоа што се применува во половина Европа, а за неа се знае и во прекуокеанските земји.

Освен аикидо подучува и: ХОЏО (HOJO) (дисциплина развиена во познатата школа Кашима Шинден Џикишинаге Рју (Kashima Shinden Jikishinkage Ryu) која датира од 14 век и за која се користи посебен бокен (дрвен меч). Организира семинари и за Генки Каи – специјален здравствен систем кој произлегува од аикидото и е посебна синтеза на западниот и источниот здравствен систем.

Семинари: Аикидо семинари редовно одржувал во следните земји: Италија, Швајцарија, Шпанија, Шведска, Холандија, Финска, Полска, Франција, Австрија, Хрватска, Германија, Словачка, Чешка, Јапонија, Турција, Русија и СЦГ.

Повеќе прочитајте на Wikipedia.

О сенсеи Морихеи Уешиба - основач на Аикидото

aikido aikikai clip image002Основачот на аикидото, Морихеи Уешиба е роден на 14 декември 1883 година во земјоделско семејство во Вакајама префектурата, сега позната како Танабе. Од петте деца, тој е единственото машко дете. Од татко му ја наследува самурајската определеност и интересот за јавните случувања, а од мајка му интересот за религијата, поезијата и уметноста. Во раното детство бил слабо и болежливо дете, што било причина повеќе да седи дома и да чита книги, наместо да биде надвор и да игра со другите деца. Сакал да слуша за волшебните легенди, Ен но Гоја и Кобо Даиши, и бил фасциниран од будистичките ритуали. Морихеи на моменти дури ја разгледувал и можноста да стане свештеник. Таткото на Морихеи, Јороки, го предомислува својот син од неговата првична идеа и го охрабрува да почне да се бави со сумо и со пливање, мотивирајќи го со приказните за неговиот прадедо, за кого важело дека бил еден од најсилните самураи во неговото време. Морихеи со тек на време станал доста силен и конечно ја реализирал својата замисла, откако татко му, кој во тоа време се бавел со политика, предходно бил нападнат и претепан од банда на разбојници најмени од политичките противници. Морихеи успеал во своите 158 цм висина да стави околу 80 кг мускулесто тело. Класичното школување не пројавило некој посебен интерес кај него и неговата голема енергија имала потреба од попрактично празнење. Работел на повеќе работни задачи и места, и за време на неговата кратка кариера како трговец во Токио, сфатил дека има голем афинитет кон боречките вештини.

Започнал со изучување на Џуџутсу во Кито-рју кај учителот Токусабура Тозава и Кенџутсу во Шинкаге-рју. Во 1901 година го добива сертификатот за завршена обука во Кито-рју. Неколку години подоцна го добива и сетификатот за Кенџутсу во Јагју-рју од учителот Масакацу Накаи. Поради болест, морал да се врати дома, каде подоцна се жени со Итогава Хатсу. За време на Руско-Јапонската војна во 1903 година, се пријавува во војска, во пешадија. За време на неговото служење во војска, ги импресионира своите претпоставени, што го препорачуваат на националната воена академија. Морихеи ја одбива понудата и се враќа во својот дом. Носен од големата желба да продолжи со физичкиот тренинг, си гради доџо на неговата фарма и го поканува во тоа време добро познатиот џуџутсу инструктор Такаки Кијоичи да биде негов личен учител. Низ тој период сфаќа дека поседува надпросечен талент за боречките вештини и во исто време почнува и сериозно да се интересира за политичките работи.

Во пролета 1912 година, на возраст од 29 години, заедно со своето семејство се преселил на Хокаидо. По неколку тешки години, селото во кое се населил почнало да напредува. Морихеи Уешиба, станал толку силен, што за неговата сила се ширеле разни приказни. За време на неговиот престој на Хокаидо, се среќава со големиот мајстор од Даито-рју Аики Џуџутсу, Сокаку Такеда. Откако се уверил дека нема да најде подобар учител од него, Уешиба се посветува максимално во изучување на Даито-рју Аики Џуџутсу, повеќе отколку предходно. По неколку месеци се враќа во Ширатаки и го поканува Сокаку Такеда да живее заедно со него, и да предава во неговото доџо. По веста за сериозната болест на татко му, Уешиба заминува за Хокаидо. За време на патувањето застанува во Ајабе, центарот на Омотокјо религијата. Таму се среќава со водачот на новата религија, Дегучи Онисабуро. Откако, такаречено бил маѓепсан од Ајабе и од Дегучи, останува дополнителни три дена таму. Во меѓувреме татко му умира, а Морихеи тоа го прима тешко. Донесува одлука да се пресели во Ајабе и да учи за Омотокјо каде останува следните осум години. Дегучи бил истакнат пацифист, кој се залагал за универзалното разоружување. Интригантно е за човек со таква природа, да се зближи толку многу со човек од светот на боречките вештини, како Уешиба. Како и да е, на Дегучи не му требало многу време за да сфати дека целта на Уешиба била да го учи вистинското значење на будото, да се обиде да стави крај на сите борби и конфликти. Студирањето на религијата Омотокјо и блискиот контакт со Онисабуро, имало силно влијание врз животот на Морихеи.

Уешиба изјавил дека Сокаку Такеда му ги има отворено очите за будото, но просветлувањето го има доживеано преку Омотокјо. Според неговото кажување, за време на неговите рани четириесети, околу 1925 година, има доживеано неколку духовни искуства, кои засекогаш му го имаат променето и животот и начинот на вежбање. Сфатил дека вистинската цел на будото е љубовта, која треба да се сподели со сите живи суштества. Во следните години бројот на учениците на Морихеи брзо се зголемувал, меѓу кои биле Томики Кенџи и познатиот адмирал Такешита. Дегучи го охрабрувал Морихеи да се одвои од омотокјото и да продолжи по некој свој пат. Тогаш се сели во Токио и поради зголемениот број на ученици, гради официјално доџо во Ушигоме реонот, денес седиштето на Аикикаи. Веднаш по изградбата на доџото, многу високо рангирани учители од другите вештини дошле да го посетат, меѓу кои и Џигоро Кано, творецот на џудото. Биле толку импресионирани што пратиле свои ученици да учат кај Морихеи Уешиба. Во 1931 година, била завршена изградбата на Кобукан. Оваа институција за прокламирање и негување на будото е основана во 1932 година и Уешиба бил поставен за главен инструктор. Во тоа време кон доџото се приклучиле Гозо Шиода, Ширата Ринџиро и други. Се до избувнувањето на втората светска војна Уешиба бил презафатен со давање часови во Кобукан, и со одржување на специјална настава на воената и полициската академија, исто така. Во следните десет години, Морихеи станал многу популарен и многу приказни се ширеле за неговата личност.

Во 1942 година се вратил на својата фарма. Често изјавувал дека будото и одгледувањето на земјата е многу слично. За време на војната, Кобукан бил скоро празен, и од таа причина го препуштил во рацете на неговиот син Кишомару. Морихеи се сели во Ибараки префектурата во селото Ивама. Таму гради доџо и Аики светилиште, кое денес е многу познато и посетено. Многумина сметаат дека Ивама е родното место на денешното аикидо. Од 1940 година, кога за прв пат името аикидо било ставено во употреба, па сé до 1952 година, Уешиба ги консолидирал техниките и ја усовршувал идеологијата на аикидото. По војната аикидото брзо се ширело, посебно во Кобукан, сега именувано во Аикикаи Хомбу Доџо, под водство на Кишомару Уешиба. Морихеи го нарекуваат О Сенсеи, како единствениот врховен мајстор на аикидото. Исто така се здобива со многу одликувања од страна на Јапонската влада.

Сé до крајот на својот живот, О Сенсеи, не престанал да го подобрува патот и не ја изгубил посветеноста за напорен тренинг. Во раната пролет 1969 година, се разболел и по негово барање бил префрлен во неговиот дом, поблиску до неговото доџо. На 26 април 1969 година умрел на возраст од 86 години. Меѓу последните зборови кој ги кажал, е дека аикидото е наменето за целиот свет, треба да се предава, не себичо, туку на сите луѓе, насекаде во светот.