27.12.2011

СООПШТЕНИЕ !

За време на новогодишните празници нема да одржиме тренинзи во следните термини:
30.12.2011 петок,
02.01.2012 понеделник
и
06.01.2012 петок.
Весели празници ви пожелуваме, и со нови сили да вежбаме во 2012 година!

Среќна Нова Година!

10.10.2011

АИКИДО ТРЕНИНЗИ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ!

ZgradaОд 11 октомври (вторник) аикидо ќе можете да вежбате уште на една локација во Скопје, во населбата Кисела Вода. Сите заинтересирани за запишување потребно е да дојдат половина час пред почетокот на било кој од редовните тренинзи во:

Кисела Вода: вторник и четврток од 19:30 часот. Аикидо клуб „Икеда“: ТУКА!

Се гледаме на тренинг!

28.05.2011

20-27 Мај 2011:

АИКИДО СЕДМИЦА ВО ШВАЈЦАРИЈА

Искуствата се натрупуваат, а учењето никогаш не запира.

Минатиот викенд се одржа најавениот семинар во Нушател, Швајцарија, по повод 5 години од постоењето на клубот "Dojo de Neuchâtel - Espace Culturel" предводен од Ерик Граф 3.Дан Аикикаи. Поканети беа 10 аикидо учители од неколку земји и секој од нив одржа по еден тренинг. Заедно со почетниот и завршниот тренинг на домаќинот, во два дена имавме 12 тренинга. Многу. Но само во поинакви услови тоа ќе резултираше со незадоволство. Пријатната атмосфера што владееше до самиот крај, дури и покрај заморот им даде елан на сите да вежбаат посветено.

Нушател 2011

12 различни учители, 12 различни приоди кон подучувањето, 12 различни експресии, но сепак само ЕДНО аикидо. Нашава боречка вештина е како и секоја друга уметност или наука. И секој од нас во неа ќе научи понешто, многу или малку, плитко или длабоко, ама никој не може да научи се и тоа е добро, бидејќи тоа ќе остане како причина да се среќаваме и да разменуваме нови и нови искуства.

По завршетокот на семинарот имавме можност да вежбаме на еден редовен тренинг во Нушател, потоа го посетивме клубот во Офтринген и на крај во нашата аикидо Мека, кај учителот Микеле Кваранта сенсеи во Базел. Сите искуства повеќе од убави.

Голема благодарност до домаќинот за укажаната доверба и чест да предавам на овој семинар заедно со останатите 9 гости-предавачи. Им се заблагодарувам и на сите што учествуваа во јубилејниот семинар на клубот од Нушател и се надевам дека ваквите семинари ќе станат редовна практика за да се дружиме почесто.

Дамјан Цингарски

20.03.2011

26-27 Март 2011:

СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ВО СКОПЈЕ !!!

Quaranta sensei

Во викендот на крајот од март (26 и 27 Март) нашиот клуб ќе го организира шестиот по ред семинар со учителот Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија. Семинарот ќе биде отворен за сите заинтересирани.

Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс).

Распоред на термини:

Сабота 10:00-12:00 и 16:30-18:30

Недела 10:00-12:00

Такса: 1500 денари.

26.01.2011

МЕЃУНАРОДНИ АКТИВНОСТИ

Особено задоволство ни е да објавиме дека нашиот учител, Дамјан Цингарски, е првиот македонец кој надвор од границите на нашата земја официјално е поканет да одржи тренинг/час од нашава боречка вештина. На покана од клубот за аикидо од Нушател, Швајцарија - "Dojo de Neuchâtel - Espace Culturel", а по повод прославата на нивниот 5 годишен јубилеј, за кој што организираат семинар и пригодна прослава, нашиот учител ќе биде еден од предавачите кои ќе имаат чест да одржат по еден тренинг. Семинарот ќе се одржи на 21 и 22 мај 2011 г. во истиот клуб.

Семинарот е замислен како големо аикидо дружење, и сите кои сакаат да бидат дел од него се добредојдени!

30.12.2010

ЕМБУКАИ НА ПОКАНА ОД КРА „ИРИМИ НАГЕ“

На 15.10.2010 г. клубот „Ирими наге“ од Скопје славеше 10 години постоење и по повод овој јубилеј организираше голем семинар за Реално аикидо со пропратна демонстрација на вештината. Почестени сме што бевме поканети да учествуваме на оваа демонстрација како единствени претставници на Аикикаи аикидо. Голема благодарност до организаторот на овој настан Маријан Трајковски. Еве ја нашата презентација од два агла :)

28.12.2010

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Клубот ќе биде затворен од 29-ти декември до 10 јануари.

Среќни празници и весели прослави ви посакувам, па се гледаме во Новата Година!

Дамјан Цингарски

29.09.2010

ПРОДОЛЖЕН АИКИДО ВИКЕНД (од 09 до 11 октомври)

Ерик Граф сенсеи повторно ќе одржи семинар во нашиот клуб. Овој пат, на општо задоволство, семинарот ќе трае три дена со шест тренинзи. После минатогодишното искуство, со нетрпение ја очекуваме можноста повторно да учиме од овој одличен учител.

Термините ќе бидат допрецизирани деновиве, но би требало да има по два тренинга дневно, првиот во 10:00 претпладне а вториот во 17:00 попладне. Сабота, недела и понеделник (неработен ден - 11 Октомври). Семинарот ќе се одржи но нашиот клуб и ќе чини 900 денари.

Како и секогаш, семинарот е отворен за учество! Повелете!

30.08.2010

ЗАПИШУВАЊЕ за СЕЗОНА 2010/2011 !!!

Првиот тренинг годинава ќе го одржиме на 13-ти септември (понеделник). Сите заинтересирани за запишување можат да ја снимат пристапницата и пополнета да ја донесат на првиот тренинг. За сите додатни информации повелете прашувајте.

Термините остануваат исти како и минатата година, со тоа што во саботите наутро на кејот ќе се одржува незадолжителен тренинг за ХОЏО катата што нема да се наплатува дополнително.

Се гледаме во сала!

20.06.2010

ЗАКАСНЕТА ВЕСТ

aikido seminar in Graz

Подолу во вестите можете да ја прочитете во целост.

25.05.2010

ГОСТИН ОД МОЛДАВИЈА

Минатата недела имавме чест и задоволство да бидеме посетени од секретарот на Молдавската аикидо федерација (Аикикаи). Неговото име е Сергеј Грама (Sergiu Gramma) и носител е на 3 Дан. Гостувањето беше сосема неофицијално и спонтано, токму како и што доликува на практикантите на боречки вештини.

Во двата тренинга, освен што му го претставив системот за учење аикидо по кој работиме, го замолив и тој да ни одржи еден час за да се запознаеме со неговиот израз. Многу убаво искуство и едно драгоцено пријатлество повеќе за сите нас. Голем аикидо поздрав до Грама сенсеи!

Дамјан Цингарски

Henbo aikido exam

Погледнете ги сликите во галеријата!

10.05.2010

ОДРЖАН ПЕТТИОТ СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ВО СКОПЈЕ

Јубилејниот петти семинар на нашиот ментор Микеле Кваранта сенсеи помина соодветно за јубилеен настан. Над 50 учесници, во полна посветеност ги следеа тренинзите на Кваранта сенсеи. Задоволството и кај него беше очигледно што во Македонија има се повеќе аикидоки на кои им се допаѓа методологијата на Икеда сенсеи, која тој неуморно и непроменето ја предава повеќе од 25 години.

Пред почетокот на семинарот се одржа полагање за КЈУ степени на кое положија неколкумина членови од нашиот клуб.

До следното видување со нашиот учител, тренирајте здраво!

Henbo aikido exam

Погледнете ги сликите во галеријата!

17.03.2010

ОДРЖАНО ПОЛАГАЊЕ ЗА 6 и 5 КЈУ СТЕПЕНИ

Полагањето за 6ти и 5ти КЈУ степен во рамките на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија се одржа денес (среда 17.03.2010). Положија сите 18 кандидати, од кои 11 беа од нашиот клуб. Им честитаме на сите!

Henbo aikido exam

Погледнете ги сликите во галеријата!

10.03.2010

ПРВИОТ ТРЕНИНГ ВО АИКИДО ШКОЛАТА ГРАЦ

aikido seminar in Graz

Изминатиов викенд бевме гости на семинарот за отворање на аикидо клубот кој од сега па натаму ќе работи во Грац, Австрија. Името му е „Aikido Schule Graz“, а старешина во клубот е Тамо Трантов (Tammo Trantow), ученик на Кваранта сенсеи кој од Базел се пресели во Грац.

Quaranta sensei

Овој мал свечен семинар го водеа двајца од најистакнатите ученици на Кваранта сенсеи. Едниот од Словачка - Марио Черни (Mario Cerny), а вториот од Швајцарија - Винченцо Скиавоне (Vincenzo Schiavone).

Vince

Семинарот, иако со мал број на учесници, беше потполно меѓународен, а по интензитетот не само што не заостана зад многу поголемите семинари од него, туку и ги надмина. Мајсториите што ги покажаа овие два ученика-учитела, им го оправдаа насловот МАЈСТОР повеќекратно!

Погледнете ги сликите за да почуствувате делче од атмосферата. <ОВДЕ>.

20.02.2010

26-28 Март 2010:

ПЕТТИ ВИКЕНД АИКИДО СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ВО СКОПЈЕ !!!

Quaranta sensei

Во викендот на крајот од март (26, 27 и 28 Март) нашиот клуб ќе го организира петтиот по ред семинар со учителот Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија. Семинарот ќе биде отворен за сите заинтересирани. Веќе е најавено учество од соседните земји Србија и Бугарија, а гости ќе има и од други европски држави.

Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс). Не ја пропуштајте приликата!

Преземете ја поканата во PDF формат <ОВДЕ>.

 
11.01.2010

Појасот служи да се врзе кимоното. :)

25.12.2009

НА ГОСТИ ВО ЏУДО КЛУБОТ „МИОКИ“

На покана од инструкторот во џудо клубот „Миоки“ гостувавме на нивниот тренинг во четвртокот (24.12.2009). Тренингот беше одлично запознавање со џудо спортот и со начинот на кој клубот Миоки ги одржува своите тренинзи. Во новата 2010 година и ние ги очекуваме на тренинг кај нас. Голем поздрав до сите џудоки од клубот „Миоки“!

Погледнете ги сликите...

aikido

ОВДЕ преземете ја групната слика во поголема резолуција.

22.12.2009

СЛИКИ: ЗАЕДНИЧКИОТ ТРЕНИНГ СО РЕНБУКАН - ОКТАГОН

Дружењето со клубот „Ренбукан – Октагон“ помина во најпријатна атмосфера. Ќе го памтиме како позитивно искуство и се надеваме дека ќе го повториме во скора иднина.

Погледнете ги сликите...

aikido

ОВДЕ преземете ја групната слика во поголема резолуција.

16.12.2009

ГОСТУВАЊЕ НА КЛУБОТ „РЕНБУКАН - ОКТАГОН“ ВО ХЕНБО

Како и досега, во духот на пријателството и соработката, нашиот клуб организира уште едно дружење, но овој пат не со аикидо клуб, туку со клуб во кој се изучуваат мешани боречки вештини (ММА). Клубот „Ренбукан – Октагон“ со својот учител Томислав Ивановски, ќе гостува во нашиот клуб на тренингот во понеделник (21.12.2009)...

aikido

Повеќе...

14.12.2009

ЧЛЕНОВИ НА ХЕНБО - ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО ЏУДО !!!

Два члена од нашиот клуб, кои од неодамна се зачленија и тренираат во џудо клубот „Миоки“ од Скопје, беа дел од екипата која го освои првото место во Државното екипно првенство во џудо за 2009 год.

џудо клуб Миоки

Александра Лелов и Ана Младеновска придонесоа за победата на екипата од џудо клубот „Миоки“ која триумфираше во Прилеп минатата недела (13.12.2009). Ана беше резервен натпреварувач, но затоа Александра ги победи противничките и во двете свои борби со неверојатна решителност! Нивната спремност секако се должи и на одличните тренинзи во клубот „Миоки“ кај тренерот Игор Паскоски, со кој имаме одлична соработка.

џудо македонија

25.09.2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЈУБИЛЕЈНИОТ СЕМИНАР ПО ПОВОД 40 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ШВАЈЦАРСКАТА АИКИДО ФЕДЕРАЦИЈА во НУШАТЕЛ, ШВАЈЦАРИЈА

aikido

Повеќе...

03.09.2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА НА ФРУШКА ГОРА

aikijo training

Повеќе...

бесмртен:

ШИХАН МАСАТОМИ ИКЕДА 7.ДАН