АРХИВА НА ВЕСТИ:
15.07.2009
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА БУКИВАЗА НА ОТВОРАЊЕТО НА ФУДОШИН !!!
06.05.2009
НОВ КЛУБ ВО АЕРОДРОМ / НОВО ЛИСИЧЕ!!!
АК Хенбо ги даде првите позначајни плодови на посветеното учење и вежбање аикидо! Кристијан Шишковски, кој е член на Хенбо од неговото формирање, ќе почне да ги води тренинзите во новиот клуб „Фудошин“кој со работа ќе започне на 12-ти мај 2009 (вторник), во Спортскиот центар „Јуниор“ до населбите Аеродром и Ново Лисиче.
Му посакуваме успешна и плодна работа во новиот клуб! Со среќа!
22.04.2009
22-24 МАЈ 2009:
ВТОР СЕМИНАР СО УЧИТЕЛОТ ЕРИК ГРАФ 3°ДАН АИКИКАИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАШИОТ КЛУБ!!!
Од 22-ри до 24-ти МАЈ 2009 г. учителот Ерик Граф од Швајцарија ќе биде по втор пат гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Овој пат ќе имаме промотивна цена! Не пропуштајте!
13.04.2009
ЕДНО ПРИЈАТНО ДРУЖЕЊЕ
Вчера (12.04.2009) во нашиот клуб се одржа тренинг кој е посебен по неколку нешта.
Најпрво, иако не е прв пример за меѓуклубско дружење, сепак тоа е првиот тренинг за меѓуклубско дружење на кој присуствуваа аикидоки од дури четири клуба од Македонија. Соработката помеѓу сите кои вежбаат аикидо е во врвот на вредностите кои ги негуваме и со сите заложби се трудиме тоа и да го постигнуваме. Овој тренинг беше плод токму на таквите заложби, и искрено се надеваме дека во иднина ќе се реализираат уште настани со истата намена - да вежбаме едни со други и заедно да напредуваме.
Тренингот што го одржа Љупчо сенсеи од Кенбукан, Битола, беше одлично организиран и особено интересен за членовите на Хенбо. Различниот начин на водење на тренингот и формалните разлики на изработените техники беа одлична лектира за нас и со сигурност ќе остави позитивна трага во нашето вежбање. Од она што по тренингот можев да го слушнам како реакции од нашите членови, заклучокот е дека добивеме една навистина добра лекција. Се надевам дека наскоро ќе го повториме ваквото искуство.
Голема благодарност и до останатите членови на клубот Кенбукан, кои ги почуствувавме многу блиски по ентузијазмот и љубовта што ги делиме кон аикидото. Така треба, само напред!
Настанов со свое присуство го поддржаа и клубовите Агатсу и Заншин од Куманово со кои традиционално имаме одлична соработка.
Па, се гледаме во наредната прилика! :)
07.04.2009
ПРИЈАТЕЛСКИ ТРЕНИНГ СО ГОСТИ ОД КЕНБУКАН, БИТОЛА
На 12 април (недела) во редовниот термин од 17 часот ќе гостуваат членови на аикидо клубот од Битола - Кенбукан. Тренингот ќе го води учителот од овој клуб, Љупчо Ошавков 2.Дан Аикикаи. Ова дружење го организираме во согласност со нашите вообичаени стремежи за соработка и размена на знаење и искуство.
Доколку освен нашите членови има и други заинтересирани за присуство на овој тренинг, претходно нека го најават своето учество.


25.03.2009
ПРОГРАМА ЗА АПРИЛ, МАЈ И ЈУНИ
Кликнете на сликата за да ја преземете програмата за месеците април, мај и јуни.
10.03.2009
УШТЕ ЕДЕН УСПЕШЕН СЕМИНАР
Кваранта сенсеи одржа уште еден семинар со многу нови и корисни нешта за нашиот напредок во аикидото. Оваа година гости имавме од Бугарија и Србија, а и од некои од останатите клубови во Македонија, поточно од Битола и Куманово. За жал повторно немаше ниту еден претставник од другите клубови од Скопје.
Се надеваме дека на следниот ќе има уште повеќе присутни!
Погледенте ги сликите кликнувајќи на следната:
15.01.2009
27 Февруари - 01 Март 2009:
ВИКЕНД АИКИДО СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ 6.ДАН АИКИКАИ ВО СКОПЈЕ !!!
Во викендот на крајот од февруари (27, 28 и 01 Март) нашиот клуб ќе го организира четвртиот по ред семинар со учителот Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија. Семинарот ќе биде отворен за сите заинтересирани. Веќе е најавено учество од соседните земји Србија и Бугарија, а гости ќе има и од други европски држави.
Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс). Не ја пропуштајте приликата!
Преземете ја поканата во PDF формат <ОВДЕ>.
18.11.2008
22-23 НОЕМВРИ 2008:
СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АИКИДО КЛУБОТ ХЕНБО СО УЧИТЕЛОТ БОШКО ЈЕЛИЌ 3°ДАН АИКИКАИ

На 22-ри и 23-ти НОЕМВРИ 2008 г.учителот Бошко Јелиќ од Србија ќе биде гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Не пропуштајте!
27.10.2008
АИКИДО ТРОФЕЈ НА ГРАДОТ БЕЛГРАД
Минатата сабота (25 октомври) во Белград се одржа традиционалниот аикидо настан - Аикидо трофеј на градот Белград. Оваа година тренинзите ги водеа Микеле Кваранта сенсеи и Јелена Врзиќ сенсеи како претставници од ААС и Мирко Јовандиќ сенсеи од АУС. Учесниците можеа да видат три различни гледишта кон аикидото и од секое да извлечат многу поуки. Нашиот клуб учествуваше со тројца претставници.
Во неделата пак, во салата на аикидо клубот Сеишин од Белград, се одржа бројно полагање за Дан степени во ААС и доделување на дипломите од полагањата од изминатиот перид, на кое дипломата за 1 Дан ја прими и учителот во нашиот клуб - Дамјан Цингарски.

22.10.2008: МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ВО СОФИЈА
На покана од Бугарската аикидо асоцијација на чело со Едвард Германов сенсеи (5 Дан Аикикаи), Кваранта сенсеи на 18-ти и 19-ти октомври одржа викенд семинар во Софија, Бугарија. Семинарот беше најавен како најатрактивен за оваа година во Бугарија и потполно ја оправда најавата. Учествуваа околу 100 аикидоки од Бугарија, Македонија, Швајцарија, Грција, Србија и Соединетите Американски Држави.
Уводните тренинзи ги водеше Германов сенсеи и низ ралични инвентивни форми претстави многу убаво аикидо. По него, Кваранта сенсеи ги објаснуваше основните начела на дидактичкиот систем на Икеда сенсеи и разбуди огромен интерес кај присутните.
Кваранта сенсеи ја има посетено Софија и во минатото како асистент на Икеда сенсеи, а сега за прв пат како учител.
>Куса биографија на Едвард Германов сенсеи<
01.10.2008: АИКИДО ДРУЖЕЊЕ СО ЈЕЛЕНА ВРЗИЌ 5.ДАН АИКИКАИ ВО БЕЛГРАД
Изминатиот викенд (26 и 27 септември 2008) белградскиот клуб Сеишин ја покани Јелена Врзиќ сенсеи да одржи два тренинга на кои ќе презентира дел од искуството стекнато при недамнешната едномесечна посета на Хомбу доџо во Токио, Јапонија.
Се заблагодаруваме за пренесеното на сенсеи Јелена и секако на домаќините за организацијата.

02.08.2008: НОВО ВИДЕО СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА НА YouTube
06.06.2008: УСПЕШНО ОДРЖАН И ВТОРИОТ УЧИТЕЛСКИ СЕМИНАР ВО ПРАГА, ЧЕШКА
Од 30 мај до 1 јуни 2008 во главниот град на Чешка се одржа вториот од серијата учителски семинари за инструктори кои предаваат Аикидо според дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи 7.Дан Аикикаи. Првиот се одржа во ноември 2007 во Базел. Овојпат во полн состав претставниците од Полска, Чешка, Словачка, Холандија, Македонија, Германија, Хрватска, Украина и Швајцарија го проследија семинарот.
Како и првиот пат, семинарот го водеше учителот Кваранта. Темата беше програмата за полагање за 6-ти кју степен, т.е. што во однос на неа треба да знаат учителите и што треба да се очекува од учениците. Исто така беше образложено зошто Икеда сенсеи го вовел 6-тиот кју, иако во Јапонија вообичаено првиот степен е 5-ти кју.
Сè се одвиваше во одлична атмосфера и семинарот, се разбира, заврши успешно и на општо задоволство на сите.
Повеќе слики од настанот можете да погледнете кликнувајќи на следнава.
02.05.2008: ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СЕМИНАРОТ СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ОД 11-13 АПРИЛ 2008!!!
По многу нешта ова беше најуспешниот семинар до сега во нашиот клуб! И секако, немаме намера да остане така. Се надеваме следните да бидат уште подобри.
Гостите што ги имавме од Бугарија, Србија, Швајцарија и Македонија беа повеќе од задоволни од тоа што можеа да го научат од учителот Микеле Кваранта. Атмосферата беше многу пријатна и полна со позитивна енергија.
Во рамките на семинарот се одржа и полагање за скоро сите КЈУ степени. Честитки за сите кои положија. :)
Со нетрпение ја очекуваме следната средба со нашиот учител Микеле Кваранта!!
20.03.2008: СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ 6.ДАН АИКИКАИ
11-13 АПРИЛ 2008, ВО ХЕНБО АИКИДО ДОЏО, СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА !!!
Од 11-ти до 13-ти април 2008 нашиот учител Микеле Кваранта од Базел, Швајцарија ќе биде по трет пат гостин на нашиот клуб и ќе одржи викенд семинар што ќе биде отворен за сите заинтересирани аикидоки.
Местото на одржување ќе биде салата на карате клубот РАБОТНИЧКИ (до ТЦ Беверли Хилс). Не ја пропуштајте приликата!
Повеќе информации <ОВДЕ>.
20.02.2008: ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД СЕМИНАРОТ СО ЕРИК ГРАФ ОД ШВАЈЦАРИЈА!!!

Изминатиов викенд го направивме шестиот семинар во нашиот клуб, а под водство на учителот Ерик Граф.
Одличен семинар! Без да пишувам излитени од повторување реченици за тоа колку навистина уживавме, само ќе напишам дека им се заблагодарувам на сите гости кои го поддржаа овој семинар, а нив ги имаше од: Агатсу од Куманово, Шинген од Куманово, Пат кон мирот од Скопје и специјална благодарност до Сандер од Саншинкаи, Утрехт, кој допатува од Холандија и така го направи семинарот меѓународен.
На следниот, повелете, ве очекуваме и вас!
18.01.2008: СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ХЕНБО АИКИДО ДОЏО СО УЧИТЕЛОТ ЕРИК ГРАФ 3°ДАН АИКИКАИ !!!
На 15-ти и 16-ти ФЕВРУАРИ 2008 г. учителот Ерик Граф од Швајцарија ќе биде гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Не пропуштајте!
04.12.2007: СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ХЕНБО АИКИДО ДОЏО СО УЧИТЕЛОТ АЛЕКСАНДАР ДЕЈАНОВИЌ 3°ДАН АИКИКАИ !!!
На 15-ти и 16-ти ДЕКЕМВРИ 2007 г. господинот Александар Дејановиќ ќе биде по вторпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Ве очекуваме!
23.11.2007: СЕ ОДРЖА ПРВИОТ УЧИТЕЛСКИ СЕМИНАР ВО БАЗЕЛ, ШВАЈЦАРИЈА
Минатиот викенд (16-18.11.2007) во Базел се одржа првиот од десетте учителски семинари за инструктори кои предаваат Аикидо според дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи 7.Дан Аикикаи. Семинарот го водеше долгогодишниот прв асистент на учителот Икеда, Микеле Кваранта сенсеи 6.Дан Аикикаи. Скоро сите клубови или федерации кои работат според овој систем имаа свој претставник на овој семинар, па така имаше инструктори од Полска, Чешка, Словачка, Холандија, Македонија, Србија, Германија и секако Швајцарија. Изостанаа само уште Хрватска и Украина.
Целта на овие семинари е инструкторите по аикидо да добијат познавања од повеќе области кои се поврзани со предавање аикидо. Доброто познавање на аикидо техниките е секако неопходно но не е и единствено потребно за некој кој подучува ученици. Поради ова, специјалисти од различни области како што се анатомија, педагогија, менаџмент, укажување прва помош итн. ќе бидат дел од семинарите кои ќе следат во наредниот период.
24.010.2007: ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА АИКИДО ВО КОМИЖА, ХРВАТСКА
Во организација на Хрватскиот Аикидо Сојуз, на крајот на летово се одржа 8-та Летна аикидо школа под водство на учителот Микеле Кваранта и учителот Симоне Киеркини. Детали од известувањето -> ТУКА!
19.09.2007: СЕМИНАР СО МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ 6° ДАН ВО БЕЛГРАД!
Аикидо Асоцијацијата на Србија и аикидо клубот Сеишин од Белград и оваа есен организираат меѓународен семинар со Микеле Кваранта сенсеи од 12-ти до 14-ти Октомври!
Покана со детали можете да симнете >ОВДЕ<.
За уште подетални информации контактирајте го организаторот. Веб: www.seishin.org.yu и www.aikikai-srbija.org.yu
05.08.2007: ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА АИКИДО ВО ВРШАЦ, СРБИЈА
Под покровителство на Аикидо Асоцијацијата на Србија, а во организација на аикидо клубот „Вршац“, и ова лето се одржа традиционалната Летна аикидо школа под водство на учителот Микеле Кваранта. Детали од известувањето -> ТУКА!
01.07.2007: ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АИКИДО 2007
Гратчето Вршац во Војводина, Србија, ова лето ќе биде домаќин на летната школа за аикидо која традиционално се организира од Аикидо Асоцијацијата на Србија (ААС). Годинава таа ќе трае 5 дена од 16-ти Јули до 20-ти Јули.
Школата ќе ја води учителот Микеле Кваранта 6. Дан.
За повеќе детали симнете ја поканата од организаторите:
01.04.2007: МЕЃУНАРОДЕН АИКИДО СЕМИНАР ВО НИШ !
Семинарот што ќе се одржи на 14 и 15 април 2007 во Ниш, Србија, ќе го раководи Микеле Кваранта сенсеи. Детали за семинарот можете да прочитате во поканата >тука<.
01.03.2007: СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ХЕНБО АИКИДО ДОЏО СО УЧИТЕЛОТ МИКЕЛЕ КВАРАНТА 6. ДАН АИКИКАИ !!!
Од 23-ти до 25-ти МАРТ господинот Микеле Кваранта ќе биде по вторпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи тридневен семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата ЦБС Студент (бараките позади Машинскиот факултет)! Се пристапува од уличката позади ресторанот Лира.
17.02.2007: МИКЕЛЕ КВАРАНТА СЕНСЕИ ВО НОВИ САД !
На 6-ти и 7-ти март г-динот Кваранта ќе биде гостин на клубот Аикидо Икеда доџо од Нови Сад, каде што ќе одржи семинар.
Повеќе информации >Тука<
12.01.2007: ЧЕСТИТАМЕ !
Со одлука на комисија од Аикикаи седиштето (Hombu dojo) и со одлука на дошу Моритеру Уешиба, на 14-ти јануари 2007, нашиот ментор Микeле Кваранта беше унапреден во 6. Дан (Roku Dan).
Веста ја дочекуваме со голема радост и од сé срце честитајќи му на учителот Кваранта му посакуваме успех и во понатамошната работа!
10.01.2007: ТОП 100 !
www.henbo.com.mk се најде на списокот на ТОП 100 најпосетувани македонски веб сајтови по само 4 месеци од неговото активирање. Ова истражување го спроведе www.cepelin.net повикувајки се на неколку релевантни интернет пребарувачи. Им благодариме на искрените посетители. Повеќе -> ![]()
01.11.2006: СЕМИНАР СО ДЕЈАНОВИЌ АЛЕКСАНДАР 3.ДАН АИКИКАИ ОД СРБИЈА !
На 18-ти и 19-ти Ноември во нашето доџо, семинар ќе одржи аикидо учителот од Србија, Александар Дејановиќ. Ќе одржи 4 тренинзи - два во сабота и два во недела со исто времетраење и почеток:
Од 10:00-12:00 и од 17:00-19:00.
Семинарската такса е 500 денари.
07.10.2006: СЕМИНАР СО КВАРАНТА СЕНСЕИ ВО БЕЛГРАД!
Аикидо клубот Сеишин од Белград организира меѓународен семинар со Микеле Кваранта сенсеи на 14-ти и 15-ти Октомври! Подетални информации можете да прочитате во поканата за семинарот или контактирајте не нас :
25.09.2006: СЕМИНАР СО МИНЕГИШИ СЕНСЕИ ВО СКОПЈЕ!
Аикидо клубот Пат кон мирот од Скопје организира меѓународен семинар со Муцуко Минегиши сенсеи од 29 -ти Септември до 01-ви Октомври! Подетални информации можете да прочитате во поканата за семинарот :
(Покана за семинар)!














