![]()
Од 23-ти до 25-ти МАРТ господинот Микеле Кваранта ќе биде по вторпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи тридневен семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата ЦБС Студент (бараките позади Машинскиот факултет)! Се пристапува од уличката позади ресторанот Лира. (мапа)
Семинарот ќе биде со следниот распоред:
| претпладне | попладне | |
| петок (23 март) | 19:00-21:00 | |
| сабота (24 март) | 10:00 - 12:00 | 17:00 - 19:00 |
| недела (25 март) | 09:30 - 11:30 |
Семинарска такса:
| цел семинар | еден ден | еден тренинг |
| 1000 ден | 800 ден | 600 ден |
Хакама им е допуштена само на носителите на Аикикаи регистрирани дан степени.
За сите дополнителни информации јавете се на 070 / 764066, или пишете на наштата e-mail адреса: dojohenbo@gmail.com
Кратка биографија на учителот Кваранта:
Микеле Кваранта сенсеи се се занимава со аикидо преку 30 години континуирано. 20 години бил ученик и асистент (уке) на Масатоми Икеда сенсеи и го придружувал безмалку на сите семинари.
Неговата желба за несебично пренесување на стекнатото знаење посебно го издвојува меѓу познатите аикидо учители.
Со одлука на комисија од Аикикаи седиштето и со одлука на дошу Моритеру Уешиба, на 14-ти јануари 2007, беше унапреден во 6. Дан (Roku Dan). >Прочитај повеќе