Македонски English

www.henbo.com.mk [site map]

ТРЕТ СЕМИНАР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ХЕНБО АИКИДО ДОЏО

СО УЧИТЕЛОТ МИКЕЛЕ КВАРАНТА 6. ДАН АИКИКАИ !!!

Quaranta sensei

Од 11-ти до 13-ти АПРИЛ господинот Микеле Кваранта ќе биде по третпат гостин на нашиот клуб и ќе одржи тридневен семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.

Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс) Адреса: Иво Лола Рибар 63, 1000 Скопје. (мапа)

Семинарот ќе биде со следниот распоред:

  претпладне попладне
петок (11 април)   19:30-21:30
сабота (12 април) 10:00 - 12:30 17:00 - 19:00
недела (13 април) 09:30 - 12:00  

Семинарска такса:

цел семинар еден тренинг
1200 ден 600 ден

За сите дополнителни информации јавете се на 070 / 764066, или пишете на наштата e-mail адреса: dojohenbo@gmail.com

Кратка биографија на учителот Кваранта:

aikidoМикеле Кваранта сенсеи се се занимава со аикидо преку 30 години континуирано. 20 години бил ученик и асистент (уке) на Масатоми Икеда сенсеи и го придружувал безмалку на сите семинари.

Неговата желба за несебично пренесување на стекнатото знаење посебно го издвојува меѓу познатите аикидо учители.

Со одлука на комисија од Аикикаи седиштето и со одлука на дошу Моритеру Уешиба, на 14-ти јануари 2007, беше унапреден во 6. Дан (Roku Dan). >Прочитај повеќе

bokken