23-29 август 2009
Традицијата на летните школи кои ги организира Аикидо асоцијацијата на Србија продолжи и оваа година.
Од 23 до 29 август во хотелот НОРЦЕВ на Фрушка Гора членови од нашиот клуб учествуваа на летната школа за аикидо која оваа година беше водена од Микеле Кваранта сенсеи заедно со Јелена Врзиќ сенсеи.
Условите кои ги пружи хотелот НОРЦЕВ ги надминаа очекувањата и навиките од минатото. Но сепак, најдоброто е тоа што опкружувањето е густата шума од Фрушка Гора и планинската клима.
Учителот Квараната оваа година школата ја водеше заедно со Јелена Врзиќ сенси 5.Дан Аикикаи, која водеше половина од тренинзите. Дневниот распоред беше ваков:
07:00 – 08:30 тренинг со стап т.е. аикиџо, катата на Тада сенсеи (Јелена Врзиќ)
10:30 – 13:00 тренинг во сала (Микеле Кваранта)
16:30 – 18:30 тренинг во сала (Јелена Врзиќ) или
16:30 – 18:30 тренинг со меч т.е. аикикен, (Микеле Кваранта)
Јелена Врзиќ сенсеи секоја година ги посетува семинарите на Хироши Тада сенсеи (9.дан) во Италија и навистина, може да се каже дека во Србија таа е најголем познавач на неговиот стил на подучување и работа. Оттаму, и катата позната како „38“, која ја составил овој голем учител, Врзиќ сенсеи ни ја пренесе исцрпно и со сите возможни детали.
Кваранта сенсеи со неговата вообичаена методичност и прецизност во техниките, оваа година го нагласуваше поврзувањето на партнерите кога вежбаат аикидо, смислата на тоа поврзување и бесмислата на надсилувањето на тренинзите за аикидо.
Јасно е дека преку еден ваков текст не е можно да се пренесе искуството кое се стекнува на вакви школи, па затоа обидете се да бидете дел од следната за која ќе ви се укаже можност!
Слики: ОВДЕ!