Од 22-ри до 24-ти МАЈ 2009 г. учителот Ерик Граф од Швајцарија ќе биде по втор пат гостин на нашиот клуб и ќе одржи семинар на кој што можат да учествуваат сите заинтересирани аикидоки од земјава и странство.
Местото на одржување е салата на Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс)! Овој пат ќе имаме промотивна цена! Не пропуштајте!
Време: од 22-ри до 24-ти Мај 2009
Место: Карате центарот РАБОТНИЧКИ (веднаш до ТЦ Беверли Хилс) Адреса: Иво Лола Рибар 63, 1000 Скопје.
Распоред:
претпладне | попладне | |
петок (22 мај) | 19:30 - 21:30 | |
сабота (23 мај) | 10:00 - 12:00 | 17:00 - 19:00 |
недела (24 мај) | 10:00 - 12:00 |
Семинарска такса:
цел семинар | еден тренинг |
600 ден | 250 ден |
Кратка биографија на Ерик Граф:
Ерик Граф, 3°Дан Аикикаи
(матаматичар, статистичар, методолог, Дипл. Инж. Математика)
Роден 1977; оженет, 2 деца
Ерик Граф е основач и сопственик на аикидо клубот во Неушател – „Културен простор“, како и технички директор на клубот „Аикидо Икеда Доџо“ во Ла Шо-де-Фон. Издавач и основач е на меѓународното списание за аикидо, хоџо и генки-каи – Сан Шин Каи (San Shin Kai letter), кое прв пат е издадено во 2004 год. Исто така, автор е и на книгата Генки Каи, објавена на француски, англиски, српски (2003 год.) и германски (2005 год.)
Просекот од десетина тренинзи неделно помеѓу двата клуба во Неушател и Ла Шо-де-Фон ги окупира сите негови вечери. Следи дваесетина аикидо семинари годишно како и три-четири седмични аикидо школи во Европа (најчесто во: Полска, Чешка, Словачка, Србија, Хрватска и Холандија). Тој самиот исто така држи семинари во и надвор од Швајцарија.
Покрај страста кон аикидото, запослен е како научен соработник во Федералниот завод за статистика.
Формирање во боречките вештини
1996 – Почнува да изучува аикидо под водство на учителот Масатоми Икеда (7.Дан Аикикаи шихан, тогаш технички директор на Швајцарската аикидо асоцијација) и кај учителот Микеле Кваранта (6.Дан Аикикаи, одговорен за аикидо школата во Базел, Швајцарија).
1999 – Почнува да изучува Хоџо под водство на учителот Масатоми Икеда.
2000 – Го отвара и станува технички директор на клубот Аикидо Икеда доџо во Ла Шо-де-Фон. Почнува со изучување на Генки Каи под водство на учителот Масатоми Икеда.
2000 – положува за 1°Дан пред учителот Микеле Кваранта.
2003 – Го презема водењето на аикидо клубот во Неушател.
2004 – положува за 2°Дан пред учителот Микеле Кваранта. Нов простор за клубот во Ла Шо-де-Фон и преземање на полна одговорност за него (до тогаш воден од Микеле Кваранта)
2005 – почнува со изучување на Сеитаи кај учителот Паскале Ајело 6.Дан Аикикаи.
2006 – Во Неушател купува простор, го уредува и го отвара центарот „Културен простор“ ориентиран кон развој на човечките потенцијали низ изучување на боречките вештини и нивната философија.
2007 - положува за 3°Дан пред учителот Микеле Кваранта.
За сите дополнителни информации јавете се на 070 / 764066 или 075 / 421012 или пишете на наштата e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.