Вчера (12.04.2009) во нашиот клуб се одржа тренинг кој е посебен по неколку нешта.
Најпрво, иако не е прв пример за меѓуклубско дружење, сепак тоа е првиот тренинг за меѓуклубско дружење на кој присуствуваа аикидоки од дури четири клуба од Македонија. Соработката помеѓу сите кои вежбаат аикидо е во врвот на вредностите кои ги негуваме и со сите заложби се трудиме тоа и да го постигнуваме. Овој тренинг беше плод токму на таквите заложби, и искрено се надеваме дека во иднина ќе се реализираат уште настани со истата намена - да вежбаме едни со други и заедно да напредуваме.
Тренингот што го одржа Љупчо сенсеи од Кенбукан, Битола, беше одлично организиран и особено интересен за членовите на Хенбо. Различниот начин на водење на тренингот и формалните разлики на изработените техники беа одлична лектира за нас и со сигурност ќе остави позитивна трага во нашето вежбање. Од она што по тренингот можев да го слушнам како реакции од нашите членови, заклучокот е дека добивеме една навистина добра лекција. Се надевам дека наскоро ќе го повториме ваквото искуство.
Голема благодарност и до останатите членови на клубот Кенбукан, кои ги почуствувавме многу блиски по ентузијазмот и љубовта што ги делиме кон аикидото. Така треба, само напред!
Настанов со свое присуство го поддржаа и клубовите Агатсу и Заншин од Куманово со кои традиционално имаме одлична соработка.
Па, се гледаме во наредната прилика! :)