Месецов ги поканивме учителите од сите останати македонски аикидо клубови да одржат по еден тренинг во нашиот клуб.
Целта на овие гостувања е да се запознаат членовите на клубот со останатите аикидо школи и начини на вежбање, и секако да се воспостави пријателски однос и почит кон сите што го одат патот на аикидото како што тоа го правиме и ние. Им благодарам, сите се одѕваа на поканата, и се надевам на уште многу вакви и слични дружења.
Еве ги датумите :
11 понеделник - Аикидо клуб Пат кон мирот - Скопје
13 среда - Аикидо клуб Кобукан (МАА) - Скопје
15 петок - Аикидо клуб Зендокан (МАА) - Скопје
18 понеделник - Аикидо клуб Теншинкан - Скопје
20 среда - Аикидо клуб Агатсу - Куманово
22 петок - Аикидо клуб Аикикан - Тетово
25 понеделник - Аикидо клуб Хоши - Скопје
27 среда - Аикидо клуб Заншин - Куманово
29 петок - Аикидо клуб Кенбукан (МАА) - Битола
Тренинзите се одржуваат во нормалните термини за тренинг во клубот Хенбо (спортската сала на ОУ Ј.Х. Песталоци - Центар) од 20:30 часот. Отворени се за бесплатно учество на секој што е заинтерсиран.