ВЕСТИ

Информации за најновите случувања

На 9 ноември 2013 - денот на ослободувањето на градот Велес, клубот Хенбо беше поканет да направи демонстрација на аикидо вештината во склоп на манифестацијата „Вечер на боречки вештини“ која во својот град петта година по ред ја организира Центарот за боречки вештини Бушидо од Велес. Домаќинот на овој настан, на клубот Хенбо и на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија им врачи благодарници за успешна соработка и поддршка на развојот на боречките вештини во Македонија.

veles2

Изминатиот викенд (26-27.10.2013) сенсеи Тоширо Суга одржа семинар на покана од аикидо клубот Хоши од Скопје. Присуствувавме на предавање на знаење и демонстрација на зафати кои ни го збогатија знаењето и од технички но и од методолошки аспект. Им благодариме на Кире и Мето за поканата!

suga

A3 reklamen poster 2013 smallТренинзите за сезоната 2013-2014 почнуваат на 9-ти септември за возрасната група и на 11 септември за детската група. Термините се исти како и лани. Се гледаме наскоро во сала!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 14.06.2013 се одржа првото полагање за нашите најмлади членови. Им честитаме и им посакуваме да вежбаат аикидо уште многу долго и да постигнат исклучително мајсторство.

kids exam 06.2013

sskl frontИзлезе новиот број на „Саншинкаи писмо“ списанието (Sanshinkai letter), публикација која ја подготвува Ерик Граф со помош на секој кој на некаков начин е поврзан и истражува на полето на Саншинкаи методологијата на Масатоми Икеда сенсеи и сака да придонесе во создавањето на содржината во списанието. Списанието е бесплатно и се објавува на веб сајтот на аикидо клубот во Нушател, Швајцарија - Aikido Ikeda Dojo de Neuchatel.

Ова е седми број по ред, и како и сите пред него, има исклучително корисни информации. Посебно издвојувајќи го написот со детални објаснувања и цртежи од Хоџо катата.

Кликнувајќи на сликата ќе го превземете овој последен, седми број, а на следниов линк ќе ги најдете и останатите броеви од „Саншинкаи писмо“ списанието.

www.dojo-ne.ch/en/downloads/san-shin-kai-letter

 

Од денес, на интернет страницата на Хенбо, активиран е сервис за он-лајн пријавување на полагања. Сите активни членови ќе добијат корисничко име и лозинка за да пристапат до делот за членството и да можат да го користат овој сервис.

prijava

 voskresenie Hristovo

За време на велигденските празници тренинзи нема да одржиме на:
1-ви, 3-ти и 6-ти мај. Среда, петок и понеделник. Ќе продолжиме на 8-ми во среда со редовни тренинзи.
И уште: Сезоната во сала ќе ја затвориме на средината на јуни, т.е. последниот тренинг во сала ќе биде на 14 јуни. После следува мала пауза и потоа продолжуваме со тренинзи во парк, како и секоја година.
Поздрав!

 

seminarski poster 2013 small

Семинарот ќе се одржи во три термини/тренинзи.
Семинарска такса: 1200 денари или 20 EUR.
Секој може да учествува. Учеството е на сопствен ризик.
За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: +389 70 764066

 

plakat - small

Ни претставува задоволство да ве поканиме на семинарот што ќе го води нашиот учител на 02.02.2013 (Сабота) во нашиот клуб.

Семинарот ќе биде продолжеток на претходниот што ја имаше тематиката - Запознавање со дидактичкиот систем на Масатоми Икеда сенсеи.
Ќе се содржи од два тренинга (по два часа) - детални објаснувања за учењето на мајсторот Икеда.
Сите учесници може да го добијат и претходниот семинар на ДВД - бесплатно (потребно е само да го нарачате претходно).
Семинарската такса е симболична: 400 денари, бидејќи настанот е спонзориран.
Повелете, ве очекуваме!
За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: +389 70 764066

Во понеделникот (17.12.2012) нашиот клуб беше почестен со посетата на двајца исклучителни мајстори - Антонио Албанезе 6.дан и неговата сопруга Луиза 4.дан. Антонио Албанезе е државен  технички управител во Италија за Меѓународната асоцијација на Кобајаши аикидо школата (Association International aikido Kobayashi ryu).Се надеваме дека наскоро ќе имаме повторно можност да ги видиме и да учиме од нив.

Учители, ви благодариме за посетата!

Antonio Albanese and Luisa

Нашиот клуб ја имаше честа да го презентира аикидото пред македонската јавност со помош на Сања и ТОП ФОРМА на телевизијата 24 ВЕСТИ:

Дојде денот. Да се посети местото на потеклото на нашава сакана вештина ќе биде голема возбуда. Го очекувам со нетрпение. По враќањето, ќе има материјал за раскажување. :) Посетете го сајтов за да прочитате. Domo arigato gozaimasu!

Japanese Flag with map

Дамјан Цингарски