ОТКРИЈТЕ ГИ СВОИТЕ МОЖНОСТИ...
Хенбо е прогресивен клуб за изворно аикидо во Скопје.
Аикидо е високо ефективна и ненасилна боречка вештина. Се карактеризира со моќни, широки и прецизни движења, и со потполна концентрација и смиреност. Аикидо во превод значи „Дисциплина за ускладување на енергијата“ и името потполно ја изразува смислата на оваа боречка вештина, која се состои во принципот на неотпор и хармоничното решавање на конфликтот.
Тренинзите ги одржуваме во професионално уредената сала за боречки вештини „Работнички“ во населбата Капиштец. Вежбаме во безбедни услови и пријатна атмосфера одржувајќи ги пријателството и меѓусебното почитување.
Обидете се, и откријте ги своите можности!

"...вистинската победа е победата над самиот себеси..."
