Аикидо

Боречка вештина

АИКИДО е боречка вештина. Но и многу повеќе од тоа. Аикидо е став кон светот, став кон животот. Тоа е препознавање на своето место во опкружувањето и хармонично вклопување во текот на енергиите во непосредната околина и пошироко. Само така вклопени, можеме да ги придвижиме нештата кон цел за која сметаме дека е вредна.

Како боречка вештина се одликува со искористување на намерите и енергијата на противникот. Движењата се изведуваат во потполна рамнотежа на телото и смиреност на умот. Истовремено е и ненасилна и исклучително ефикасна за самоодбрана.